Министерот за финансии Фатмир Бесими се пишмани, нема да им ги зголеми платите на вработените за 30%

Вработените во Минситереството за финансии нема да добијат зголемување на платите за 30%, зашто се пишмани министерот Фатмир Бесими. Во знак на револт, спонтано, вработените ги напуштија рабиотните места и излегоа на предупредувачки штрајк пред зградата на министерството, зашто не го добиле ветеното покачување. Но кога пристигнаа медиумските екипи, вработените ги немаше – се вратиле во канцелариите.

Иако министерот за финансии Фатмир Бесими им вети за 30% зголемување, тоа по се изгледа дека не се случи, па затоа вработените излегоа пред зградата на министерството разочарани од неисполнетото ветување. 

Од Сојузот на синдикати на Македонија за Алфа велат дека ќе поднесат пријава против ресорниот министер зашто ги излажал своите вработени.

  • Министерот ги повлекол сите решенија за зголемување на плата, платата не е исплатена воопшто и сега ќе барал толкување дека тоа зголемување нема да биде за сите вработени во министерството туку само за два сектори. Не знам како тоа ќе го направи, законот си стои, нема предлог закон за изменување на закон за буџети каде е предвидено зголемување на платите. Многу чудна постапка на министерот и ние подготвуваме опомена пред тужба“, рече Трпе Деаноски, претседател на УПОЗ.

Од министерството за финансии не го коментираат штрајкот, но велат дека преземале мерки за одржување и зајакнување на кадровскиот капацитет во јавната администрација.

  • Просечната плата во Министерството за финансии е дури два пати помала во однос на просeчната плата во целиот сектор Финансии 49.800, а во Министерството изнесува 26.000 денари, додека кога станува збор за раководните позиции во секторот Финансии и Министерството за финансии, овој сооднос е повеќекратно повисок, велат од таму.

Последно Бесими рече дека немал друго решение за да ги задржи вработените освен да им ги покачи платите, зашто 40 луѓе веќе ја напуштиле институцијата.

И вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи рече дека вработените во финансии заслужувале и повеќе од 30% зголемување на платите зашто тие биле столбот на државата.

Буџетот за 2023 година предвидува зголемување на платите во Министерството за финансии за 30%, во образование за 29%, во одбрана близу 15%, заедно 5% предвиден раст на платите во целито јавен сектор.

Борис Грујоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста