Министерката за култура не сака да се меша во својата работа – кој го крие „Црвениот поет“?

Министерката за култура не сака да се меша во својата работа. И по два месеца не одговори на прашањето зошто „Црвениот поет“ се крие во фиока. Серијата била под надлежност на Агенцијата за филм, но токму Агенцијата за филм е под надлежност на Владата.

  • „Морам да Ви кажам дека ја за ова немам информација зошто уште не се емитува, меѓутоа, би ми било драго да се информирам и да ви ја доставам и Вас информацијата, бидејќи ова финансирање оди преку агенција за филм, кој што се придружен орган на минстерството за култура, но како оди исплаќањето и зошто се уште не е промовирана не знам ни јас. Ќе се информирам и ќе Ве инфомрирам и Ва“ одговори министерката Стојчевска на 23.12.2022.
  • „Јас ако добро се сеќавам испративме и договор до вашата редакција, така да одговор испративме. Ако ви е итно, денеска да го добиете одговорот, предлага да преминеме на следното прашање..рече Стојчевска Костадиновска денеска.“

Инаку во одговорот од нејзиното Министерство кој министерката не го знаеше денеска, целата надлежност ја префрлија во Агнецијата за филм.

Токму таму Алфа во два наврати достави барање за емитување на епизодите и тоа во прајм-тајм, како што предвидува Договорот за финансирање кој го добивме повикувајќи се на Законот за слободен пристап на информации од јавен карактер. На министерката и укажавма и на членот 23.

  • „Доколку продуцентот во рок од две години од целосна реалзиација на играната серија од член 1 на овој договор не ја емитувал на територија на Македонија, должен е без надоместок да ја понудат за телевизиско прикажување…“ стои во договорот помеѓу помеѓу Агенција за Филм и продукциска куќа „Сектор Филм“ што новинарот и укажа на министерката. На тоа министерката одговори: Јас сепак би ве упатила кон Агенцијата за филм и раководното лице на Агенцијата за филм.

Повикувајќи се на овој дел од договорот, ТВ Алфа пред три дена по втор пат, достави барање до Агенцијата каде бара да и биде доставена копија од готовата серија. На првото барање од Агенцијата, одговор се уште нема,  второто е доставено и поткрепено со договорот помеѓу Агенцијата и продукциска куќа „Сектор Филм“ чии членови се прекршени.

Правниот тим на телевизијата јасно укажува дека се исполнети сите услови за емитување и дека Агенцијата и продуцентската куќа повеќе не смеат да ја кријат серијата која го претставува животот на македонскиот поет и револуционер Кочо Рацин во периодот кога Македонија била под чизмата на бугарскиот фашистички окупатор.

Молкот од продукциската куќа и од Агенцијата за филм, се погласно кажува дека причината за неемитување веројатно се крие во намерата да не се брануваат односите меѓу Скопје и Софија бидејќи серијата е сместена во периодот на Втората светска војна. Алфа не се откажува, ќе ангажира и адокатски тим, кој согласно Договорот за продукција, ќе ги искористи сите правни лекови за да ја добие серијата која е финансирана со 23 милиони денари народни пари.

Викторија Миткова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста