Милков: Внимателно следиме зошто Обвинителството ја истражува регистрацијата на бугарските здруженија

Бугарија будно следи зошто македонското Обвинителство отвора истрага за финансирање и регистрација на бугарски здруженија во Македонија. За  актуелниот Министер за надворешни работи на Бугарија Николај Милков отворањето на истрагата е резултат на политички процеси, а институциите требало да ги ги заштитуваат правата на граѓаните и Бугарија, па се надева на објаснување од македонска страна за чешлањето на здруженијата.  

Внимателно ја следиме ситуацијата која е поврзана и со центарот „Иван Михаилов“ и со здружението „Цар Борис“. За мене барањата се резултат на сите тие политички процеси кои се случуваат таму. Да не се случи луѓето кои се со бугарска самосвест во Македонија да ја изгубат вербата во институциите кои треба да ги штитат и нивните права. Значи ако има конкретни сигнали за нарушувања, кои ќе бидат проценети како такви, се разбира дека ќе реагираме. Во моментов следиме со сериозно внимание и даваме сигнали дека треба да се воздржиме од практики од минатото, изјави Милков.

Според Милков во Македонија се создавала лажна дилема кај населението дека треба да се определат или за европско членство или за идентитетско прашање. Тој ја обвини опозицијата дека ги користела ставовите на дел од граѓаните за ова и повика на национален конзенсус.

„Што се однесува до нашата работа со владата на РСМ, загрижувачки се обидите на опозицијата да ги искористи ставовите на дел од населението за различни цели. Има сили кои со силен отпор поставуваат лажна дилема – европско членство или идентитет на РСМ. Не е така, европското членство се поврзува со преоценување на минатото и со голем број пропагандни клишеа. Пред да влезе во ЕУ, секоја земја мора да се раздели со дел од овие лажни парадигми во историскиот процес, додава Милков.

Реакциите на Милков доаѓаат откако Обвинитѕелството во Македонија поведе постапки за регистрации на бугарските здруженија „Цар Борист Трети во Охрид  “ и „Ванчо Михајлов’  во Битола под силниот притисок од јавноста.

И додека се водат овие две постапки ,  во јавноста се шпекулира дека  бугарско здружение  ќе се отвори  и во Богданци, а ќе биде именувано по Царот Фердинанд кој владеел од 1887-ма до 1918-та, во времето нас балканските војни, кога Македонија била поделена меѓу соседите.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста