Меџити: Ја поздравувам поканата на Касами, но засега остануваме фракција на ДУИ

„Ја позрадувам поканата на Биљал Касами да се обединиме сите кон фронтот против ДУИ, но засега остануваме фракција, вели за Алфа предводникот на фракционерите Изет Меџити.

„Грешката е направена уште во 2020 година, зошто Ахмети кој оди по паметот на Груби, мислејќи дека ако ги внесат Алијанса во Владата, во наредните 20 години нема да има опозициска албанска партија, но домашниот есап на пазар не излегува. Многу е тешко да се спои електоратот на ДПА и Алијанса, бидејќи се целосно спротивставени, и да се спојат, многу е тешко да се спои електоратот на ДУИ и електоратот на Алијанса, бидејќи цело време биле на нож, имало и луѓе што лежеле по затвори, имало и жртви. Гласачот, активистот, милитантот нема да може тоа да го заборави. Од друга страна, имате БЕСА, Алтернатива, тоа се електорат, кој биле дел од ДУИ, и тоа на видни функции, значи тие се наклонети на една иста основа, така да многу полесно е да се спои електоратот на Алтернатива, БЕСА, па и на некои незадоволни од ДУИ. На Албанците им требаат два политички блока. Не им требаат десет, но треба барем две – една владејачка и една силна опозициска, а не квази опозициска. За демократските процеси добро е да има такви силни блокови во политичкиот кампус, како што има кај Македонците, така да има и кај Албанците. Како процес е позитивен. Гледам прво ќе се стремат кон правна држава, борба против корупцијата, кон интегративните процеси“ – рече Меџити.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста