Меџити фрли око на „Мајка Тереза“  – ќе ги брка директорите на клиниките и со Клинички ќе раководи еден човек

Меџити сака да го стави под своја лична контрола Клиничкиот центар Мајка Тереза. Ќе ги укинува местата и брка поединечните директори на клиниките, и со центарот ќе управува еден човек со титула генерален директор. Знае дека системот „Мој Термин„ речиси е нефункционален и граѓаните не можат да дојдат до специјалист, ама министерот ќе се погрижи каде да паркираат ако имаат среќа и закажат преглед. Едвај чекал да ги разреши досегашните директори на клиниките.

Тоа се организациски директори. Да, едвај чекам тоа да се случи. Нема да имаме загубари како заедничките служби од 20 милиони евра, а кои не знаат што работат. Тогаш ќе се знае точно што е се работи, ќе се штеди и ќе има поголема соработка меѓу клиниките. Не откривам топла вода, но тоа го имало и било добра работа. Политички притисоци не ме интересираат. ЕУ го бара ова како скрининг и мора ова да се направи, здравството да функционира” – рече Меџити.

За разрешување директори има план, но нема за најгорливиот проблем на пациентите – колапсот на системот „Мој термин“. Како што Алфа веќе објави поради недостаток на кадар, пациентите, посебно тие што боледуваат од рак не можат да добијат термин за дијагностика.

Меџити веќе три месеци од кога седна во министерската фотеља ветува дека приоритет му е паркиногт на Клнички но досега не направи ништо. И денеска по којзнае кој пат кажа дека решение имал ама кога ќе го примени?

“Ќе биде подземна катна гаража.Верувајте од првиот ден работиме не на едно прашање на сите прашања и проблеми.Првиот ден го кажав тоа ми беше фокус мора да се реши тоа. Тоа е ликот на нашата држава.Тоа е срамота што се случува на Клинички центар.” – изјави министерот.

Дали и како ќе спречи одливот на медицински кадар во земјава? Министорот уверува дека кадар имало ама не бил добро организиран. А за тоа биле виновни менаџерите на здравствените установи ширум државата. Дека тоа не е точно докажува фактот дека од вкупно 9.520 активни лиценци, 2445 се на лекари кои имаат над 61 година.Со тоа здравствениот систем оди во пензија. А младите лекари се повеќе ја напуштаат Македонија.

Ања Лукарова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста