Меџити знае дека здравството е во аларматна состојба, а што ќе преземе да ги реши проблемите !?

Министерот Фатмир Меџити два дена по ред признава дека здравството е во алармантна состојба. И бара помош од Владата за да се стави на вистински пат здравствениот систем. Запрашан дали и како ќе го спречи одливот на медицинскиот персонал, повторно не даде конкретен одговор. Само вети, дека во најскоро време ќе направи стратегија докторите и медицинските сестри да останат во Македонија.

“Не знам зошто немаме конкретни кадри, конкретни стурки..на пример во Клинички болници да немаме некој што ќе може да ја води струката.Ние се залагаме и правиме стратегија,како можеме, знаеме дека тука во Штип е медицинскиот факултет. Има и во Скопје и Тетово. Правиме стратегија за секој студент кој ќе стигне шестта година да не талка и да не се разочарува.” – вели Меџити.

Меџити призна и дека штипската клиничка болница е во ужасна состојба.

Директорот на болницата Ален Георгијев уште еднаш повтори дека веќе подолг период бара нови 50-тина вработувања, но одговор од финансии се уште нема. Меѓудругото призна и дека изминатите години, голем број од медицинскиот персонал ја напуштиле Клиничката болница Штип.

Ања Лукарова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста