Меѓуградскиот автобуски превоз поскапе и до 50%

Драстично поскапиот меѓуградскиот превоз стана проблем за илјадници граѓани кои од соседните градови Тетово, Куманово, Велес и Свети Николе патуваат во Скопје на работа.

Сега уште поголем дел од нивната плата ќе оди за превозот па во прашање се доведува исплатливоста на секојдневното патување до главниот град. Цените на билетите варираат во зависност од превозниците. Зголемување на износите за автобуски билети има и до 50 отсто.

– Не е многу него повеќе.Више него што треба, се поскапени. Како е стандардот тука во Македонија тоа е премногу.
– Поскап бензин, поскап дизел, поскап превоз.
– Има многу што одат со автобус. Сабајле во 7 саат. Меѓутоа немаа редовно автобуси и ида со со комбиња и кажуваа, им је многу скапо. Се жалат они не можеме да стигнеме на време. Многу е скапо.
– Има има, многу. Ептен. Син ми до некни патуваше и зеде стан таму поради трошоци, патарина, гориво. Многу е.
– Превозот кој може да го издржи тоа. Не знам колку е карта сега ама сигурно 200 денари во еден правец, два правци 400 денари. Јас овде сум на работа па не можам да излезам на крај, па не уште во Скопје или подалеку. – Велат граѓаните.

Граѓаните алармираат дека државата мора да најде начин и да ги подобри состојбите во оваа област. Особено ова е важно за регуларните превозници кои повторуваат дека превозот без лиценци е поевтин, па го уриваат пазарот со ниски цени и намалуваат број на патници кај автобуските транспортери, кои пак поради недоволно патници не можат да понудат поконкуретни износи на билети.

– Тука треба Влада да презема нешто да биде подобро на граѓаните. Зошто ние сме граѓани на Македонија, треба да учинат нешто за нас, а не само да земат паре од нас 00.57
– Пуштени сме само на себе снаоѓај се и живи.
– луѓето крај со крај едвај вржуваат. Неиздрживо е ова и до кај ќе иде не знаеме. – Велат граѓаните.

Пред пандемијата од Тетово до Скопје се патуваше со 110 денари за еден ден во еден правец. Сега е 200 денари. Слични е и со цените од другите градови.

Александар Самарџиев

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста