Мерко немал време, инаку сам ќе ги испотепал кучињата

Проблемот со бездомните кучиња во Струга ескалира до таа мера што според тврдењата од Здружението  за заштита на животни Animal voice, градоначалникот Мерко на вчера одржаниот состанок изјавил дека сам ќе ги испотепал кучињата. Во ситуација кога не се добројуваат луѓето кои секојдневно се жртви на глутниците кучиња, од Animal voice тврдат дека се потрудиле да најдат заедничко решение, но како што стои на нивниот фејсбук профил-по кратка дискусија , биле избркани.

”Градоначалникот дирекно и отворено ни кажа дека тој лично ќе излези на улица и ќе ги убива кучињата,дека тој до сега ќе ги иструел ама неможел да најди отров,по што веднаш поднесовме пријава во ОВР Струга“ – информираа од Здружението „Animal voice“.

За веродостојноста на ваквите тврдења, се обидовме да стапиме во контакт со Мерко, но тој не одговори на пораките.

Инаку,меѓудругите на состанокот бил присутен и директорот на струшкото јавно комунално претпријатие кој отворено кажал дека со буџет од само 600.000 ден,не можат да го решат проблемот со кучињата,тоа било премала сума за третман на над 1000 бездомни кучиња кои секојдневно се множат. Маката да биде уште поголема лицата жртви на кучињата скитници одат по болници низ градовите каде што можат да ја примат потребната вакцина, оти најчесто ги нема не само во охридската и струшката туку и во другите болници во внатрешноста.

Имаме болести кои што се префрлаат од животните на луѓето,беснило и други работи.Има и паразитски болести, а најголем проблем е беснилото.Значи секое куче што ќе касне човек може да добие беснило после 6 месеци до 3 години.Ако во првите 24 часа не прими серум човекот нема кој да го спаси – вели државниот ветеринарен инспектор, Петар Ѓорѓиески.

И додека во знак на револт здруженијата за заштита на животните, утре пред Владата ќе одржат протест поради убиството и нерешавањето на проблемот со бездомите кучиња кои ги има не само во сите градови во внатрешноста на земјава туку врие и во метрополата-надлежните никаде ги нема. Нема реакција од министерството за животна средина, нити од Агенцијата за храна и ветеринарство, а уште помалку од општините каде најчесто надлежноста за бездомните кучињаСоветите  ја имаат префлено на јавните комунални претпријатија за да се избегне обесштетување на граѓаните кои ги тужат општините.

Росица Голабоска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста