Менкиноски: Стразбур утврди прекршување на Конвенцијата за човекови права

Поплава од лажни вести дека Македонија победила во Стразбур како правна држава во случајот за аболицијата на еск-претседателот Иванов. Ниту Македонија извојувала победа ниту е правна држава ако не ги испочитувала основните човекови права, туку системот не чини, тврди адвокатот Тони Менкиноски. Вели согласно решението на Судот за човекови права има задача да ги исправи сите повреди на Конвенцијата кои Стразбур веќе утврдил дека ги има.

  • Сите денеска шират лажни вести. Судот во Стразбур не донесе одлука туку кажа дека е преурането.. Според тоа судот одлучи дека националниот судски систем кој може директно да ја применува Конвенцијата, треба да му се даде жалба да ги реши жалбите и да ги исправи сите прекршувања на Конвенцијата што ќе ги утврди. Што значи ова? Ова значи дека Судот во Стразбур утврдил дека постои прекршување. Но, утврдил дека е преурането и дека ќе му даде шанса да ги реши жалбите и ги исправи сите прекршувања на Конвенцијата што ќе ги утврди“ тврди адвокатот Тони Менкиноски.

Менкиновски цитирајќи дел од решението на Стразбур вели дека и во самата одбрана државата се повикувала на Апелација и Врховниот суд со оглед на тоа дека постапките не се завршени. Но, наместо Македонија да ги чека ваквите одлуки министерот за правда во консултации со Врховниот суд можеле да побараат советодавно мислење од Судот во Стразбур и да се знае дали аболициите важат или не.  

  • Владата тврди дека, постои Апелационен суд и Врховен суд, тоа можеме и да го цитираме од решението, дека и таму треба да се заврши постапката па после да се оди во Стразбур. Тоа значи дека Стразбур не донесе пресуда. Ниту некого го озакони дека некого дека е во право. И што е многу битно, оваа агонија за аболицијата трае со години. А ние имаме потпишано Протокол, во кој членот 16 вели, дека ние како држава ако имаме некоја недоумица во спроведувањето на Конвенцијата, можеме да побараме советодавно мислење. Наместо да се водат толку години полемики околу таа аболиција можеше да побараме, согласно протоколот кој влезен на сила од 2017/18 во Македонија, да се достави и да го прашаат судот дали аболицијата важи или не важи.  Но некој намерно не сакал да го направи ова..“рече Тони Менкиноски во гостување на емисијата „Заспиј ако можеш“ на Алфа телевизија.

За шансата која ја испраќа Стразбур до македонските судски власти потврди и одбраната на жалителите. Адвокатот Влатко Илиевски за Алфа рече дека судовите сериозно треба да го сфатат решението на Стразбур и да не ги игнорираат аргумените дека еднаш дадена аболиција од претседател на државата не може да се поништи и таа е важечка.  

  • „Сметам дека нема простор за голем триумфализам кај Владата дека е одлучено во нивна полза. Донекаде и ги разбирам овие восклици на победа, бидејќи секојдневно се соочуваат со порази и неуспеси на сите полиња, Можеби видоа во ова една сламка да се прикажат во едно поинакво светло, нека продолжат да се самозалажуваат, но да ја замајуваат јавноста бидејќи ова не е победа за власта “објасни Илиевски.

Европскиот суд пред два дена реши и детално објасни дека случаите на СЈО засега нема да пропаднат, но прерано е тие да одлучуваат за нив.  Одлуката во Стразбур ја донесоа седум судии од Норвешка, Финска, Велика Британија, Турција, Малта, Белгија и Молдавија.

Викторија Миткова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста