Медицинските сестри незадоволни од покачените плати

Медицинските сестри се незадоволни од покачувањето на платите. Со потпишувањето на анексот за покачување медицинските сестри ќе добијат по 3000 денари. Но тоа не е доволно велат од здружението на медицински сестри. 

Тие преупредуваат дека на Македонија ѝ недостигаат околу 8.000 медицински сестри. Тешките услови за работа, ниските плати и нерешениот правен статус доведоа до голем егзодус на овој здравствен кадар.

Нема да се откажат додека не добијат пристојни услови за работа и повисоки плати.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста