Медведев: Нуклеарното оружје може да се користи и за заштита на русија

Русија може да употреби нуклеарно оружје. Советот за безбедност дозволи користење нуклеарки за заштита на Русија и териториите што ги признава.

Заменик претседателот на Советот Дмитриј Медведев на својот канал на телеграм напиша дека Западот мора да разберте дека „Русија го избрала својот пат“ и дека не само мобилизацијата туку и секое руско, вклучително и нуклеарно оружје спосовбности можат да се користат за заштита

„Донбас и другите територии по референдумот и присоединувањето кон Русија ќе бидат значително зајакнати од вооружените сили на Руската Федерација, не само можноста за мобилизација, туку и секое руско оружје, вклучително и стратешкото нуклеарно оружје, може да се користи за нивна заштита“ напиша Медведев.

По најавата за делумна мобилизација од Владимир Путин, русите се обидуваат масовно да ја напуштат земјата а авионските летови достигнаа цени и по илјадници евра. Огромна колона автомобили е формирана на руско-грузискиот граничен премин Верхниј Ларс. Границите на Грузија се уште се отворени, но според извештаите на медиумите, на некои мажи на воена возраст им е забранет излезот од земјата. Дел од руските жители се мобилизираа во Турција. Велат дека се многу загрижени и не очекувале дека наредниот чекор ќе биде мобилизација

Може да доведе до многу прогблеми за многу руски жители. Секако сум загрижен, не мислев дека ситуацијата ќе доведе до мобилизација, вели еден руски жител на аеродромот во Истанбул.

Во меѓувреме во Русија, мобилизираните мажи се превезуваат до командинте центри на армијата. На социјалните мрежи се објавени бројни видеа од различни делови на Русија кои отсликуваат глетка на очај поради одлуката на руските власти.  Синоќа имаше протести низ цела Русија против мобилизацијата. Беа уапсени повеќе од 1.300 лица во 38 градови.

Во Русија одобрен е и Закон за построга казна за злосторства против воена служба и за воведување кривични казни за доброволно предавање. Со законот се заоструваат казните за прекршување на должностите за воена служба. Законот предвидува затворска казна до 15 години за оној кој одбива воена служба .

По најавата за мобилизација, ЕУ најави осми пакет санкции кон Русија кој ќе биде насочен кон руската економија и поединците кои се одговорни за вопјанта во Украина. Одлуката за што поскоро воведување на дополнителни мерки била донесена на вонредниот состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ.   Нови санкции кон Русија најавија и шефовите на дипломатиите на седумте најразвиени индустриски земји во светот.

Украинскиот претседател Володомир Зеленски  пак  побара одранбена поддршка и порача дека не може да се се согласат на одложена војна. Според Зеленски, русија сака да ја помине зимата на окупирана територија на Украина и да подготви сили за нова офанзива во нови размери и да спроведе воена мобилизација дома .

„Русија се плаши од вистински преговори и не сака да исполни никакви фер меѓународни обврски. Ги лаже сите. Како што е типично за агресорите, за терористите. Дури и сега, кога Русија зборува за преговори, таа само сака да го забави повлекувањето. Затоа ни е потребна одбранбена поддршка – оружје, воена опрема и гранати. Офанзивното оружје, со долг дострел е доволно за да се ослободи нашата земја, и одбранбените системи, пред сè, противвоздушната одбрана. И потребна ни е финансиска поддршка – за да се задржи внатрешната стабилност и исполнување на социјалните обврски кон нашиот народ“, додаде тој.

Референдумите за приклучување кон Русија на украинските територии под руска контрола – Доњецк, Луганск, Запорожје и Керсон започнуваат утре и е предвидено да завршат за пет.

Кристина Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста