Мајхошев: Во Македонија нема социјален дијалог туку монолог, најголема е моќта на Владата

Во нашата држава нема социјален дијалог, туку социјален монолог. Доколку нашата држава сака да направи голем исчекор кон ЕУ, покрај политичкиот дијалог, важен сегмент на кој треба да се обрати големо внимание е и социјалниот дијалог смета универзитетскиот професор Андон Мајхошев. Од  анализите што ги правел во изминатите две деценции, професорот констатирал дека социјалниот дијалог  се одвива од позиција на институционална моќ, што значи дека во трипартитниот договор најголема моќ има Владата.

Тој социјален дијалог се одвива  од позиција на моќ. Не се уважуваат аргументите. Мислам дека синдикатите имат добри аргументи  и треба да се почитуваат неговите барања, но од разни причини тие аргументи се отфрлаат. И затоа мислам дека ова трипартитно тело, овде спаѓа и бипартитниот дијалог, дијалог помеѓу работодавачите и дијалогот помеѓу синдикатите  треба да биде подинамичен и поефикасен и секогаш аргументите на синдикатите треба да се прифаќаат. Засега поради неговата слаба општествена моќ неговите аргументи не ги прифаќаат останатите социјални партнери „ вели проф.д-р Андон Мајхошев-УГД-Штип

Како позитивен пример на трипартитен социјален дијалог Мајхошев ја посочува Франција. Таму економскиот социјален совет функционира на тој начин што речиси 50% од иницијативите што ќе ги предложи Синдикатот, но и работодавачите се прифаќаат.

„ Кај нас има друга ситуација. Сите иницијативи кои произлегуваат и од синдикатите и од работодавачите многу малку се прифаќаат, особено на Синдикатот. Помеѓу работодавачите и Владата понекогаш, во најчест случај има природна коалција,а тоа за жал оди на штета на самите работници„-објаснува Мајхошев.

Пред еден месец од печат излегоа три книги потпишани од Мајхошев во кои главна тема е социјалниот дијалог, кој се темели на анализи и истражувања правени повеќе од дваесет години. Мајхошев смета дека предметот Индустриски односи би било добро да влезе како академска дисциплина на сите универзитети, бидејќи проучува еден важен сегмент од општеството, а тоа се односите меѓу трите социјални партнери Владата, работодавачите и синдикатот. 

Александра Ристевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста