Матурантите го одиграа традиционалниот квадрил на скопскиот Плоштад

Матуранти од 14 скопски средни училишта денеска точно на пладне учествуваа на традиционалната „Матурска парада“ на плоштадот „Македонија“ во Скопје.

Квадрилот во исто време се играше и во Гевгелија, Охрид и Струга. Истовремено, покрај Македонија, матуранти танцуваа и во Словенија, Србија, Словачка, Црна Гора и Унгарија.

Од Дирекцијата за култура и уметност Скопје претходно истакнаа дека во последните години, составен дел на подготовките и на самата завршна манифестација е кажувањето на „заклетва за ненасилство“ од учесниците во сите градови во земјите во кои се одржува настанот.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста