Матурантите бараат помал материјал за полагање матура и еден испит помалку

Да се скрати дел од материјалот, да се полага еден предмет помалку или да се укине државната матура. Ова се дел од предлозите на средношколците, кои поради онлајн наставата, политиката и лажните дојави за бомби, едвај седнаа во средношколските клупи. Задоцнетите решенија и владините политики кои наликуваат на „купување на време“ за серијата проблеми со кои се соочија образовните институции изминативе неколку години, ги натераа средношколците со свои предлози да се обидат да ги надминат предизвиците со кои се соочуваат. Велат, по толку многу изгубени часови, државниот испит не може да се полага на ист начин како до сега.

  • „Средношколците предложија, дали да се скрати материјалот кој е предвиден за полагање на овогодинешната матура, или да се изостави еден интерен предмет. Имаше секакви предлози дури и да се укине матурата. Средношколците овие предлози сакаат да ги достават до Собранието и Владата на Р.Македонија и секако се надеваме на слух од таа страна“ вели Анисија Угриновска – Средношколска организација ОДАС


Настава со физичко присуство па онлајн, има – ама нема учебници, дојава за бомба брзање до дома пред комјутер – овие случаи станаа секојдневие за учениците изминатите неколку години, зашто државата наместо решение, остави проблемите само да се таложат.

  • „Професорите ги гледавме преку екран, понатаму, во трета година се соочивме со протести на наставниците, се соочивме со простести на ЈСП.. И сега, најактуелно, се соочуваме со дојави за бомби, кои со почетокот на 4-тата година верувам дека го попречија образованието во голема мера “Анисија Угриновска – Средношколска организација ОДАС

И покрај барањата на средношколците, од министерството за образование остануваат на ставот дека државната матура ќе се полага исто како и во минатото.

Никола Цветкоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста