Малку прехранбени фирми се пријавиле за субвенционирана струја, можно замрзнување на цените

Само 20 отсто од производителите на храна се пријавиле за субвенвионирана цена на електрична енергија. Од најавените 1000,  235 компании кои се снабдуваа на слободен пазар каде цената е повисока  склучиле нови договори со ЕСМ продажба за да добиваат поевтина цена од  први декември.  Останатите можат се уште да се пријават, ама поевтина струја ќе добијат од 1 јануари.   

Бектеши уверува дека од 1 декември ќе има пониски цени на прехранбените производи благодарение на пониската струја, а ова ќе се контролира со засилени контроли од пазарниот инспекторат.  Доколку компаниите не склучат договори со ЕСМ Продажба можно е замрзнување на цените. 

За оние кои нема да користат повластена цена на струјата ќе следат други мерки кои ќе се донесат во случај да не ги намалат цените. Согласно Законот за трговија можеме да донесеме мерки во време на криза за замрзнување на цени, одредување на маржи, и слично. Ги имаме листите и Државен пазарен инспекторат ќе врши соодветни контроли, рече министерот за економија Крешник Бектеши

За субвенционирана струја до сега  се пријавиле само  233 основни и средни училишта во државава од вкупно 474 . Поевтина струја од први декември ќе добиваат 70 јавни претпријатија од областа на водостопанството и 50 пречистителни станици. Од Владата ги повикаа градоначалниците навремено да се пријават, во спротивно државата со одлука треба да ги одземе надлежностите на општините.

За жал, по 1 декември сите училишта нема да добиваат субвенционирана струја. Па ист случај е и со водостопанските претпријатија,  од 73 се пријавиле 50 за субвенционираната струја. Потенцирам, за жал  рече Бектеши.

Прехранбените компании ќе добиваат субвенционирана струја по 80 евра за мегават час, а   за основните и средните училишта по 95 евра за мегават час . До крај на месецов ќе бил изработен нов  план за поддршка на граѓаните и компаниите, но главно за малите потрошувачи на електрична енергија.

Кристина Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста