Малку беше што ги осудија на 200 години затвор, осудените во „27 април“ ќе треба да платат и по 2000 евра за судски трошоци

По повеќе од 2000 илјади евра треба да платат семејствата на осудените за случајот „27 април“ во рок од три дена за кривични трошоци и судски паушал. Оставени без столбот на семејството, дел од нив во тешка финансиска состојба после се што поминаа за многу кратко време треба да ја уплатат сумата инаку ќе следи присилна наплата. Вакви опомени се стигнати во домовите на неколку од осудениците, а се очекува до следната недела сите да добијат вакво писмо. Еден од осудените кој до први декември треба да плати повеќе од 100 илјади денари е и Вили Михајловски – осуден на 14 години затвор. Неговиот татко смета дека ова е безизлезна ситуација – вели не е возможно тие пари обезбеди за толку кратко време.

Што е многу многу е, каде да ги најдеме скоро 2000 евра, на оваа скапотија. Со плата од 300 евра, не може да се соберат тие пари, не за три ниту за 300 дена – вели таткото на Вили Михајловски, Милчо.

Алфа пред неколку месеци посети семејства на неколку од осудениците. Од разговорите со нивните блиски, можеше да се заклучи дека тие не се помириле со вистината – дека нивните блиски кои ја сакале својата татковина се осудени за терористичко загрозување на уставниот поредок. Меѓу осудените имаше луѓе со јасни идеали како Македонија да стане подобро место за живеење, полицајци, бранители, секогаш биле тука за татковината кога и биле потребни.

Јане уште тогаш организираше да се сплоти македонскиот народ да живееме сите заедно, да одиме напред ако држава. Тој се бореше за тоа, а не се бореше за некој други идеали. Па се знаат идеалите на македонецот какви се, неговите гени се такви, растен е, живеел со тоа нешто, за доброто на сите граѓани на Македонија, раскажуваше Коле Спиркоски, татко на Јане Ченто.

Човек на се ќе се навикне, но жално е затоа што такво дело немало. Едноставно што побаравме е правично судење. Нека бидат осудени за упад во толпа. Не може да има тероризам – низ солзи раскажуваше Ивана Југ.

Адријана Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста