МАЛЕШЕВИЈАТА НА УДАР НА КОРОНАТА, ЗАРАЗЕНИ И МНОГУ МЛАДИ ЛУЃЕ

   Малешевскиот бисер Берово утре нема да светне во својот вистински сјај. Корона вирусот ги одложи сите манифестации кои традиционално секој 28 август, денот кога се празнува Голема Богородица се одржуваат  и привлекуваат над 10.000 посетители од целата држава и странство. Со наглото зголемување на бројот на заболени градот стана ново потенцијално жариште. Граѓаните со свој теории за ширење на заразата..

Имаше на плоштадот забава. имаше многу луѓе и од тогаш вирусот почна да се шири. Состојбата е лоша. Цело лето имаме  гости од други градови, така што веќе не може да се контролира кој од каде заболел- коментираат граѓаните.

Добар дел од заболените во Берово и Делчево се млади луѓе, што укажува на фактот дека не се почитуваат мерките за заштита, алармираат здравствените власти

 

–  Доста млади се заболени. Мое мислење е дека се опуштија и не се внимава посебно кога седат во кафе барови, изјави Марија Глигоровска-дир.на Здравствен дом Делчево

Моменталната состојба не ги предомисли гостите да ги откажат своите аранжманите. Сместувачките капацитети во Берово се резервирани уште од јули. Од општината апелираат туристите и домаќините да ги почитуваат мерките за претпазливост.

 

  –Да се повлечеме од сите прослави, да не се групираме, да се носат маски и да се почитуваат протоколите –изјави Билјана Каламадевска-лице за односи со јавноста во Општина Берово

Заклучно со вчерашниот ден во Пијанечко-Малешевскиот регион има 85 активни случаи. Само пред три недели овој регион важеше како еден од најчистите во државата.

Александра Ристеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста