Македонците упорни во намерата да избегаат од земјава, расте бројот на барања за азил во Европа

Македонците на големо бараат азил во Европската Унија, но Европа упорно ги одбива. Секоја година се одбиваат илјадници барања, но Македонците се упорни во своите намери да си го бараат чарето надвор. Над 2500 Македонци од вкупно 6476 кои минатата година побарале азил од Европската Унија чекаат дали ќе добијат меѓународна заштита, покажува Извештајот на Агенцијата за азил на ЕУ.

Лани само 9 мина Македонци добиле заштита од Европската Унија, а одбиени се 3395 апликации. Бројот на баратели на азил со потекло од Македонија бележи силен пораст, но процентот на одобрен азил е многу мал. Македонците се лидери во Европа по бројот на одбиени барања, односно само 1 процент од нив успева да добие меѓународна заштита и статус на азиланти. Корупцијата, сиромаштијата и нетрпението се главните причини зошто Македонците бараат азил, посочува универзитетскиот професор по социологија Илија Ацески.

  • „Toa се должи бидејќи младите бараат начини по секоја цена да избегаат од земјава и поднесуваат барања за аил без разлика дали ќе им го прифатат или ќе ги одбијат мислејжи дека ЕУ ќе ги згрижи“ – вели Илија Ацески, универзитетски професор по социологија.

Додека Македонците бараат спас во Европа, кај нас минатата година 168 лица побарале азил во земјава. Авганистан, Бангладеш, Египет, Конго, Украина, Чеченија, Турција, голема е листата на земји од каде секоја година стигнуваат барања до МВР. Но, како и Европската Унија така и Македонија го следи трендот на голем број одбиени барање. Од 2020 година до денес поднесени се приближно 400 барања, но земјава згрижила само 60 азиланти од кои 9 лица се со статус на бегалци, а 51 лице е под меѓународна заштита. Изминативе три години, Пакистанци, Сиријци и Турци се меѓу најбројните баратели за азил во Македонија.

Паула Костадиноска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста