Македонците станаа загрозен вид во раководните функции во МНР

Македонците во македонското министерство за надворешни работи, барем во највисоките ешалони се малцинство, ова може да се забележи од податоците кои се јавно достапни на нивната веб страница. Албанци,Турци, Срби, Власи и само по некој македонец се наоѓаат на челните позиции на македонската дипломатија во време кога македонскиот идентитет, јазик се цел на напад на Бугарија.

Претседателот на Македонски Дипломатски Синдикат, Дабиќ за Алфа вели дека кавалитетот е оној кој треба да биде во врвот на министерството, а не причина да биде етникумот, но како што вели тој во последниот период се чини како првиот човек на МНР, Османи да ги маргинализира македонските дипломати.

Квалитетот не гледа националност, би требало најквалитетните да го водат министерството односно да бидат во раководството, но она што се забележува особено последните три години е дека голем број кадри, зборувам за високи дипломати, амбасадори, директори, а се етнички Македонци се маргинализирани и турнати настрана и пацивизирани, Зоран Дабиќ – Претседател на Македонски Дипломатски Синдикат.

Според Дабиќ, малиот број на раководни функции на македонските дипломати е бидејќи како државата, така и МНР е партизирано.

Второ, точно е дека квалитетот треба да исплива на површина, првата причина поради која не испливува е оваа која ја кажав, а втората ако земете дека секој министер бира кадри во кои има најголема доверба испаѓа дека министерот Бујар Османи нема доверба токму во Македонците, односни во македонските дипломати, тоа е нешто што во последните три години е евидентно. Тоа е она што ја потврдува партизацијата во МНР ја потврдува и приватизацијата на министерот бидејќи високите дипламати ги бира тој лично, вели Зоран Дабиќ – Претседател на Македонски Дипломатски Синдикат.

Од 13 највисоки функции во внатрешната организација на министерството, само тројца се македонци , односно државниот секретар, Директоратот за економска и јавна дипломатија и Директоратот за НАТО и политичко- безбедносни прашања.

Мери Симоновска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста