Македонците со категорично „НЕ“ за францускиот предлог

Македонците со категроично „НЕ“. Не сакаат во Европската Унија преку францускиот предлог. Последната анкета на ИПИС покажува дека речиси три четвртини од Македонците и над половина од вкупниот број македонски граѓани не прифаќаат старт на преговорите по цена Македонија да го прифати она што во моментов е ставено на маса.

Речиси 73% Македонци и 56% од вкупниот број граѓани се против старт на преговорите во ваква форма. Поддршка даваат само 15% Македонци и речиси 29% од сите македонски граѓани.

Само 16% од етничките Македонци сметаат дека новиот француски предлог е модификуван и во него се внесени барањата на Владата. Меѓу сите македонски граѓани овој процент расте но и натаму едвај поминува една четвртина.

Владата постојано се обидува да го прикаже предлогот како добар и поволен за иднината на Македонија меѓутоа апсолутното мнозинство Македонци го одбиваат ваквото претставување.

Речиси 68% етнички Македонци и 52% од вкупниот број на граѓани даваат поддршка на протестите. Против се околу 35%, иако овој процент меѓу етничките Македонци е само нешто над 21.

Анкетата на Институтот за политички истражувања е спроведена од 4 до 6 јули на примерок 1.114 полнолетни испитаници на ниво на цела држава.

Бојана Златкова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста