Македонците од Бугарија гневни на власта на Ковачевски: Сами си го правиме вештачки македонскиот јазик и го потврдуваме ставот на официјална Софија

Македонската власт само ги потврдува ставовите на Бугарија, дека македонскиот јазик бил вештачки, само на политочка територија на една држава. Македонците кај источниот сосед гневни на еднострана изјава на МНР, велат поразитечно е она што сама си го прави државава. Првиот човек на ОМО Илинден Пирин, здружението на Македонците во Бугарија, Стојко Стојков, порачува дека тие говорат дијалект на македонскиот јазик, па вели нејасно е како тој дијалект Владата сама не го признава. Предупредува дека со ваквиот документ, македонските политички чинители, ја поткопуваат борбата на Македонците во Бугарија.  

-Само се поткопува, бидејќи ако макеоднскиот јазик е формиран од дијалекти кои се зборуваат само на територијата на Република Македонија, тоа пак имплицира дека прво нема надвор, не се зборува надвор од Македонија. Второ на некој начин се имплицира одредена вештачност на тој јазик само на одредена политичка територија, не на дијалектна територија. И плус ја поткопува нашата борба за права, бидејќи бугарската позиција на чија што основа тие ги негираат нашите права е дека објективна основа да се тврди дека постои македонско малцинство, изјави Стојко Стојков за Алфа. 

Стојков порачува дека она што посебно загрижува е потчитеноста на македонската власт пред Бугарија, со цел на официјална Софија да и се удоволи се што бара.

-Она кое што е многу вознемирувачко е дека пак доаѓа до израз една страшливост на македонската Влада. Ако може да направиме некоја изјава да не се налути Бугарија. Мислам со таков приод далеку не може да се стигне, изјави Стојков.

Според првиот човек на ОМО Илинден Пирин, проблематичен дел во односите меѓу Скопје и реципрочноста. Вели не може едната страна да бара да стане државотворен народ, а другата да не го признава малцинството во Бугарија, за што поддршка има и од Македонија, која јасно кажува дека се грижи само за лицата кои имаат државјанство, што е не е случај кај многу Македонци во Бугарија. Вели жално е што власта во Македонија, не само оваа туку и сите други, го свртеле грбот на македонско малцинство .

-Не може за едната заедница да се бара да влезе во Уставот, па дури и да се бара да влезе како државотворен народ, што е веќе чист апсурд, а од другата страна за македонското малцинство не само да не се бара ништо, дури и да се прифаќа неговото негирање. За нашето малцинство да биде признаено му требаше поддршка од некаде, за жал нашето малцинство, иако ние не сме малцинство што припаѓа на бездржавен народ, какви што има во Европа, за жал ние сме малцинство што нема држава зад себе, изјави Стојков. 

Покрај македонските малцинства, против оваа декларација се кренаа речиси сите македонисти, единствен кој јавно ја брани е професорот Људмил Спасов, кој е шеф на Советот за македонски јазик на Владата. Чудно е зошто МНР остануваат глуви на сите реакции, па и покрај се не ја менуваат оваа декларација.

Матеја Петровски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста