Македонците бегалци од Албанија, во Отешево живеат во објекти кои не постојат во катастар

Објектите од некогашното железничко одморалиште “Царина” во Отешево,во кои цели 3 децении живеат бегалниците од Мала Преспа во Агенцијата за катастар на недвижности, воопшто не постојат. Десетината објекти распослани на површина од над 80 хектари,исчезнаа, катастарот ги збриша. Сакајќи да им помогнеме на овие македонци кои безмалку 50 дена се без струја, побараме од ЕВН да им постават броила,за луѓето сами да си ги плаќаат сметките,но проблемот воопшто не е наивен-вели градоначалникот на Ресен, Јован Тозиевски,кој барајќи го коренот на проблемот, дошол до зачудувачки сознанија.

Земјиштето е државно, на Република Македонија. Во моментов таму ако отвориме во катастар за да им излеземе во пресрет ги проверуваме податоците, во катастар таму објекти не постојат .Како се фактурирало,како се доставувала сметката сепак по мое мислење ситацијата е многу покомплицирана и не гледам друг излел освен судска разрешница помеѓу засегнатите субјекти –вели градоначалникот на Ресен, Јован Тозевски.

Од ЕВН велат трафостаницата на имотот не е во нивна сопственост,а струјата е исклучена поради неплатени сметки.Бегалците кажуваат декаги теретат за долг од 72.000 евра,што значи дека 13-ет луѓе кои немаат елементарни услови за живот, месечно трошеле по 6.000 евра струја која од 2006-та до 2022-ра ја подмирувало претпријатието за стопанисување со станбен и деловен простор. Но, од 07.09.2022-ра , АД за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор,повеќе немаЛО обврска  да им ги сервисира трошоци –велат од таму.

Согласно последните заклучоци на  Одборот на директори како корисници и потрошувачи на електрична енергија,истите се упатуваат да склучат поединечни договори со ЕВН доколку и понатаму ги користат објектите со цел рационално користење на електричната енергија во услови на енергетска криза.Дотолку повеќе што поголем број од тие лица што живееле таму сега имаат живеалишта во околните градови и не живеат повеќе во комплексот Царина.Според нашите информации од извршени теренски контроли, дел од нив имаат други адреси на живеење но периодично се присутни таму и нерационално ја користеле електричната енергија во објектите!”, информираат од АД за изградба и стопанисување со станбен простор и со деловен простор:

Во комплексот во кој некогаш живееле 600 луѓе, активно живеат 13 мина. Ние баравме да си ја плаќаме сами струјата,но секаде наидуваме на затворени врати велат. И од АД за изградба и стопанисување со станбен простор тврдат дека трафостаницата поставена во комолексот, не е нивна. 

 Лицата бегалци кои во 1991 година биле сместени во Туристичкиот комплекс Царина со текот на времето стекнале статус на македонци и истите своите права можат да си ги реализираат преку институциите на системот како државјани на Македонија-стои во дописот од АД за изградба и стопанисување со станбен простор.

Новинар Росица Голабоска

Снимател,монтажа Златко Маневски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста