Македонското здравство преживува од донации

Многу поздравувања и насмевки пред камери  упатени кон донаторите кои го спасуваат македонското здравство. Додека имаме болници без потребните капацитети и квалитетни услуги, македонските власти гордо се фалат со секоја една донација која влегла на било која од клиниките. 

Благодарение на движењето  „Аваја“ граѓаните на Шуто Оризари, Чаир и Бутел конечно добија амбулантно возило.  Возилото е донација за поликлиниката Чаир во која има низа проблеми, до неодамна немаше оддел за гинекологија, сеуште нема рентген и нема доволно простор за медицински услуги .

Сиромаштијата си го прави своето, заедницата има потреба од квалитетни услуги.Јас би упатил апел во поликлиниката во Шуто оризари треба да се прошират делови, се со цел заедницата да има подобри услуги. Фали ренген , фали простор за примање инфузии, до скоро го финансиравме отворањето на гинеколошката амбуланта, вели Елвис Шаќири, од движење Аваја

Во поликнлинкиата во Шуто оризари ќе бидат вработени и две медицински сестри, но и  ова исто така наместо од Владата,  ќе биде финансирано од движењето Аваја.  И не само во оваа поликлиника , клиниките речиси низ целата држава се спасуваат со донации.

Штипската  клиника вчера доби подвижен рентген апарат благодарение на донација од Јапонија, а   јапоската амбасада пред неколку дена донираше и ехо апарат на одделот на педијатрија во битолската болница.  Пред една недела детското одделение во Велес доби апарат пациент монитор наменет за детското одделение за неанатологија  од приватна компанија.  Од Владата покрај што гордо се сликаат со донациите, признаваат дека мора и државата да вложува во подобрување на капацитетите .

Да не биде само на хартија и да не биде со зборови дека оваа држава се грижи за своите граѓани.  Донациите се важен дел и сите донации да отвориме на донација на медицински апарати во кличничкот центар. Државата вложува секогаш може повеќе, министерството за здравство имаше сериозен предизвик, просторот и за подобрување на клиничките центри и услугите мора да остане како трајна определба, рече виепремиерот Бојан Маричиќ кој присуствуваше на настанот.

И додека Македонскиот систем се потпира на донации  пациентите секојдневно се соочуваат со разни проблеми за да дојдат до преглед, а здравството е со низа нерешени проблеми :  во источниот дел од Македонија не може да се дојде до преглед за мамографија , бидејќи недостигаат апарати, болницата во Битола остана без парно греење, Детското одделение во Охрид е без педијатар, а Македонија се уште е без ветениот клинички центар кој не само што не го добија граѓаните туку сега ќе плаќаме и пенали .

Кристина Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста