„Македонски“ се почесто се заменува со „северномакедонски“ – Последица од Преспанскиот договор

Власта уверуваше дека идентитетот бил забетониран, но македонскиот народ и нација за странците полека но сигурно станаа северномакедонски.

Среде Скопје, австриски новинар го запраша министерот за надворешни работи ако се вметнат Бугарите во Уставот, дали северномакедонската нација ќе биде посебна од бугарската. Во овој случај Бујар Османи реагираше, правдајќи се дека станувало збор за грешка во преводот.

Ова не е првпат по договорот од Преспа, Македонците да се нарекуваат „северномакедонци“, а јазикот „северномакедонски“.

По повод одбележување на 20 години од потпишувањето на Охридскиот договор, поранешниот генерален секретар на, НАТО, Лорд Џорџ Питерсон, поранешен генерален секретар на НАТО, намерно или не, не нарече северномакедонци.

И државниот секретар за европски прашања на Португалија, Ана Паула Закаријаш, измисли „северномкаедонски јазик“.
По потпишувањето на Праспанскиот договор тогашниот премиер Зоран Заев уверуваше дека идентитетот и јазикот ќе останат македонски.

– „Имаме договор со јасни обележја на македонскиот јазик и идентитет. Го заштитуваме идентитетот за век и векови“ изјави Зоран Заев на 20.06.2018.

Но, три години подоцна Зоран Заев дури им се извини на Грците откако тие рагираа дека фудбалската репрезентација ја нарекол „македонска“.

– „Некогаш се случува да направам грешка имам 46 години се случува да го спомнам тоа во една реченица“ се правдаше Зоран Заев.

Употребата на северномакедонски од страна на странски медиуми, па дури и институции станува се почеста.
Останува да видиме дали министерот Бујар Османи ќе се однесува инспекторски за македонскиот јазик и нација, како што повеќепати правеше одејќи од институција до институција по донесување на законот за употреба на јазиците.

Новинар: Никола Цветкоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста