Македонските институции немаат соодветен кадар да се справат со хакерски напади

Вработувањата во администрацијата се трулеж, а ДУИ и СДСМ се филијали за вработување, оценува Ѓорги Илиевски пензионираниот просветен инспектор кој деновиве будно ги следи случувањата со вработувањата и стручноста на кадрите во државниот сектор. Во Македонија години наназад царува трендот на иселување на младиот стручен кадар, но затоа пак, партиите на големо работат за згрижување на своите војници, посочува инспекторот.

„Вработувањата се трулеж, со години ДУИ и СДСМ работат како филијали за вработување, а младиот стручен кадар си оди од државата“, вели Ѓорги Илиевски, пензиониран просветен инспектор

Недовербата на граѓаните за стручноста на администрацијата се гледа по реакциите на социјалните мрежи, а се актуелизира при секое потфрлување од нестручни вработени во дрвниот апарат.

Во АГенцијата за вработувања има многу лица кои никој не ги вика ни на разговор, ама затоа пак вработувањата одат преку партиски списоци на ДУИ и СДСМ“, вели  Ѓорги Илиевски, пензиониран просветен инспектор

Кој се работи во државните институции на високи позиции е тема која ја наметна хакираниот систем на Фондот за здравство откако Алфа објави дека ИТ секторот работи без ниту еден инжењер. За разлика од нив, Министерството за правда може да се пофали со стручен кадар кој е задолжен за информатичкиот систем. Од 8 лица, само еден е со средно, останатите од природно математичкиот факултет и електро. Во Министерство за финансии работат 11 стручни ИТ лица, од вкупно 14, а од МВР велат дека тоа се доверливи информации. Но, јавноста пак, години наназад знае за потребата на шумски работници во земјава. На последниот оглас  се бараат нови 407 лица кои овој месец ќе ги прими претпријатието Национални шуми. Истото претпријатие во 2021 година на оглас барало над 400 лица, па оттука е нејасно колку дрвја и шуми има Македонија за огромната потреба од дрвосечачи, редачи и шумски работници. Во јавноста одамна се зборува дека претпријатието е бастион на вработувања со партиска книшка, од каде кадрите потоа се распределуваат по другите институции.

Паула Костадиноска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста