Македонските Евреи згрозени: Исмевање на 6 милиони луѓе е фотографирањето на Костадинов со маската на Хитлер

Исмевање на 6 милиони Евреи и над 7.000 македонски Евреи, жртви на нацизмот, е маската на Адолф Хитлер на Струмичкиот карневал, која беше дел од поголема група со историски фигури во која учествуваше и струмчкиот градоначалник Костадин Костаднив. Тој маскиран како Јосип Броз – Тито насмеано се сликаше со лидерот на нацистичка Германија.

Од Еврејската заедница во Македонија и Фондот на холокаустот на Евреите во државава, се згрозени од се почестите антисемитски појави во земјава. Маската во Струмица според нив претставува директна навреда кон сите жртви на нацизмот. Се отворало прашањето дали воопшто за Евреите има место во оваа држава.

Под закрилата на „хуморот и сатирата“ да се исмеваат 6 милиони Евреи жртви на нацизмот од кои 7.144 Евреи од Македонија а како што беше случај на карневалот во Струмица на којшто, помеѓу другите маски, беше и онаа со ликот на Хитлер. Таквата маска не е во духот на карневалот и е во спротивност со мултиетничкиот и мулти конфесионален карактер на Македонија и пораката „Едно општество за сите“, велат од Еврејската заедница.

Недоличните маски и глорификација на нацизмот и фашизмот не застанаа на карневалот, велат од Еврејската заедница.

Само неколку дена по неговото одржување на оградата на Еврејската заедница осамна графит со нацистички симбол – свастика. Дали јавната промоција на маската на Хитлер го потикна пишувањето на овој графит?, прашуваат од Еврејската заедница.

Инаку градоначалникот на Струмица кој наесмеано позира со Адолф Хитлер воопшто досега не реагираше и не се огради од оваа маска која беше дел од поголема група со историски фигури.

Евреите во Македонија претходно реагираа и за отворањето на бугарските културни клубови „Ванчо Михајлов“ и „Цар Борис Трети“. Според нив нивното основање било навреда за сите Македонци, но и сол на најголемата и најболна рана на Еврите во државава.

Матеја Петровски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста