Македонските Бугари на средба со Оливер Вархеји

Појдоа во Брисел да се пожалат дека наводно не биле третирани добро во Македонија и властите не ги слушале.  Петар Колев, Георги Трендафилов од граѓанско демократската унија и Љубчо Георгиевски од бугарското здружение „Ванчо Михајлов“ од Битола остварија средба со еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји .

Главна тема бил наводниот однос на Македонија кон Бугарите кои живееле тука. Колев, Трендафилов и Георгиевски му се пожалиле на Вархеи дека во Македонија немало дијалог помеѓу македонските власти и Бугарската заедница.  

Повеќе од две години се обидуваме да водиме дијалог со властите во Македонија, но безуспешно. Иднината на Македонија е во ЕУ, но тоа не може да биде на сметка на Бугарите кои живеат во земјата“, изјавија за БГНЕС Колев, Трендафилов и Георгиевски.  

Според нив, Собранието наместо да работело на уставни измени, се занимавало со затворање на клубови на локалните Бугари .

„Парламентот во Македонија наместо да работи на измени за вклучување на Бугарите во Уставот со цел побрзо отпочнување на преговорите со ЕУ, донесува законска регулатива со цел затворање на клубовите на локалните Бугари во РСМ. Очекуваме во следниот извештај на Европската Комисија за напредокот на РСМ да ги вклучи прашањата за кои разговаравме на оваа средба“, велат тројцата.

Средбата ја побараа бугарските организации откако еврокомесарот вети дека ќе ги прифати доколку му се обратат, а доаѓа по инцидентот со охриѓанецот Кристијан Пендиков.

Претходно Бугарскиот претседател Румен радев во телефонски разговор со еврокомесарот му порачал дека ЕУ мора да ги гарантира правата и безбедностите на Бугарите во Македонија со истото темпо со кое се работело на забрзување на македонските евроинтеграции.

Кристина Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста