Македонската медиумска асоцијација со силна енергична осуда за етикетирањето на телевизии

Македонската медиумска асоцијација на националните терестријални  телевизии, силно и енергично реагира на политичките етикетирања на телевизиите Телма и Алфа, како и на заканите за ликвидација на вработени од Канал 5 од некои физички лица за кои до денес нема информација од надлежните институции дали воопшто се пронајдени и процесуирани.

„Имено, политички некултурно но истовремено и опасно да еден лидер на партија , како што е Али Ахмети, на партиската трибина во Гостивар да ги нарече Телма и Алфа за „непријатели на Албанците“ , без при тоа им понуди како на присутните во салата и на целата јавност валидни докази за оваа клевета.

Дополнително, премиерот Димитар Ковачевски, наместо да ја осуди реакцијата на неговиот коалициски партнер од ДУИ, и тој на описен начин посочи со прст кон двете наши членки , Алфа и Телма. Со тоа Ковачевски од позиција на власт направи обид за упад во уредувачите политики на медиумите кои според Закон се слободни и независни, нешто што не требаше да се повтори, како лоша лекција од едно блиско минато“ се наведува во соопштенито од Македонската медиумска асоцијација која изразува надеж дека овие ставови на две значајни политички фигури во нашето општество нема да се повторат повеќе од никого со цел вработените во телевизиите да не почнат да се плашат за својата лична но и корпоративна безбедност, и да продолжат слободно да ја работат својата новинарска работа.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста