Македонија од денеска во портоколова фаза

Македонија под вршник. Температурата на термометрите  надминува над 40степен. И лекарите од Брзата помош со полни раце работа. Дневно , само во една смена имат над 20колапси. И додека државата е во портокалова фаза, секој се разладува како знае и умее, но има и такви кои и во најжешкиот дел од денот треба да работат, за да заработат.

„Шпицот е во 14часот, тогаш е и најжешко. Каков топлотен бран, какви бакрачи!Мора да се возе, за парче леб„-вели такси возач од Штип..

„Сабајле одеме на базен, по ладовина, а потоа се затвараме дома и се ладиме под клима„-вели граѓанка.

Владата донесе препораки бремените жени и хронично болните да се ослободат од работа, а истовремено ги потести работодавачите на обврските за обезбедување на соодветни услови за работа , посебно во погоните каде се одвива ризичен производен и технолошки процес. Лекарите  советуваат   фабриките да бидат климатизирани, да  се прават микро паузи по 5минути на секој час, како и тоа на работниците да им се овозможи период на преадаптација, пред да влезат во автобусите со кои се превезуваат.  

  „ При влегување и излегување во автобусите треба да има голема претпазливост, затоа што температурата внатре и температурата надвор е различна. При влегување во фабриките и излегуваање на паузи мора да се внимава, бидејќи од промената од едно на друго место, најчесто може да се предизвика мозочен удар„-вели д-р Александар Стојанов, специјалист по медицина на трудот.

Покрај лесната облека,пиењето на многу течности и консумирање на лесна храна, лекарите алармираат  посебно до работниците кои и на овие високи температури мора да работат на отворено, задолжително да ја заштитуваат тилната регија. 

Александра Ристевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста