Македонија на сто дена пред избори ќе добие премиер албанец – по Бујар Османи, потврди и Артан Груби

По Бујар Османи и Артан Груби му одбројува на Димитар Ковачевски – колку месеци останаа за претстедателот на Владата да ужива во премиерското столче. Формално третата партија партија по број на членство и гласачи, стана прва по акција и број на остварени цели – ова може да се заклучи од реториката на Груби. Откако Османи најави дека за скоро ќе имаме прв премиер Албанец, Груби потврди и порача дека Али Ахмети ќе пресече кој ќе ја преземе функцијата во последните 100 дена од оваа влада.

Во 2020 година смисливме модерна кампања, која одекна во Приштина и Тирана. Тоа покажува дека е дојдено време за првиот премиер Албанец во Македонија. Ова е проект на Али Ахмети, да ги урне табуата. Дојде време да се надминат предрасудите со изборот на премиер Албанец. Пресудата на народот беше дека социјалдемократскиот сојуз освои 46 пратеници, ДУИ 15 пратеници, и така, двете партии заедно направија 61 пратеник – изјави Груби за косовската телевизија Дукаѓини.

И покрај тоа што ДУИ на парламентарни избори добива гласови во распон од 7 до 14%, има до 20 пратеници во собранискиот состав, партијата успева да ги реализира речиси сите програми – овој феномен уште еднаш потврдува дека дека ДУИ и поголемиот партнер во владината коалиција. Веројатно ова е причината, што Груби е убеден дека неприкоснованиот лидер на интегративците, успеал да ги урне сите табуа во политиката.

Господинот Ахмети ги урна сите табуа во политиката, на македонските граѓани им покажа дека не треба да се плашат од албанското национално знаме и дека Македонија не изгуби, дека македонскиот граѓанин не изгуби ништо од службениот јазик, (тука го има зборот за албанскиот јазик) дека македонскиот граѓанин не изгуби ништо од трите државни универзитети. Од сите комуни што ги гледаш овде, а со кои раководат албански кадри, Македонија ништо не изгубила, ниту се поделила и останала држава сама по себе и добила лојални граѓаниизјави Груби.

Заострената реторика на Артан Груби  отиде и до таму што анализираше стравови. Опозицијата според него, се плашела дека Бугарите дека ќе ни ја земеле историјата, културата, јазикот, дека Грците ќе ни го земеле Александар Македонски. 

Самобендисаноста на функционерите на ДУИ не е без причина – тоа барем го покажува поставеноста на политичките сили. Партијата е во врвовите на сите три столба – судската, извршната и законодавната власт, во органите на институциите и во јавните претпријатија. ДУИ го решава и едно од најкрупните прашања – поврзано со идентитетот на Македонците, јазикот и писмото. Па така, во рацете на Бујар Османи, Артан Груби и Јетон Шаќири се и сложените односи со Бугарија, толкувањето на историјата и ревизијата на учебниците во согласност со бугарските барања.

Адријана Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста