Македонија наскоро може да остане и без доктори: За само 10 години преку 2.000 доктори ја напуштиле државата

Економски , политички или професионален – кој и да е мотивот, медицинскиот кадар се повеќе го напушта македонскиот здравствен систем  и купува карта во еден правец. Оние кои останаа и го држат на апарати македонското здравство пак се соочуваат со ниски примања, недоволно услови за професионално надградување и дури и политички притисоци.

Во Македонија нема ни статегија за планирање на кадри во здравството, што дополнително придонесува за недостиг на кадри, пред се специјалисти.  За да се задржат медицинските работници дома, потребно е  да се направат повеќе работи , пред се покачување на платите и надпартиско здравство, сметаат од  самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита.

Првиот мотив е економскиот, вториот е политичкиот, знаеме дека кај нас се случува на одговорни места да се ставаат лекари со помало знаење кои на извесен начин спроведуваат диктатура на професијата. Значи од позиција на моќ и резултат на партиска определеност имаме диктатура на тие вработени, во овој момент излезот го гледам во делот здравството да се стави како надпартиско прашање. Третиот мотив е професионалниот, Факт е дека многу од лекарите сакаат професионално да напредуваат, вели Д-р Љубиша Каранфиловски , Претседател на од  самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита.

Податоцие од македонското лекарско друштво велат дека за 10 години Македонија изгубила 2.000 лекари . Според Каранфиловски, голем проблем во моментов е соодносот на бројот на сестри со лекари, што доведува до оптоварување на сестрите опсобено на оние со средно образование. Во државниот сектор моментално работат само 7.400 медицински сестри со средно образование и околу 2.600 со високо стручно образование.  Најмногу државава ја напуштаат општите лекари кои имаат плата околу 500 евра.

На општите лекари е исклучително ниска и најмногу напуштањето на нашиот здравствен систем го прават општите лекари и плата со која влегуваат во државниот сектор им е некаде околу 34.500 денари и замислете со таа плата одат на специјализација . Сестри со средно образование се блиску со минимална плата 20.600 , оваа плата е еден од тие мотиви за напуштање на здравствениот систем, вели Д-р Каранфиловски.

Во државниот сектор во моментов работат 3100 специјалисти , 1600 општи лекари кои имаат релативно ниски плати. Надеж за подобрување на економската ситуација треба да даде поптпишувањето на колективниот договор за линеарно покачување на платите кој треба да се случи до крај на оваа недела .

Кристина Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста