Македонија и Србија со декларативни заложби за регионална соработка, но без конкретни планови

Декларативни заложби за регионална соработка без конкретни идеи за реализација – ова е накратко сумираниот впечаток од средбата  меѓу Премиерите на Македонија и Србија Димитар Ковачевски и Ана Брнабиќ .

 Во фокусот на самитот „Македонија 2025 “ беа   регионалната соработка, одржувањето на мирот и инвестирање во образованието на кои треба да се посвети регионот на Западен Балкан.   

На средбите станало збор и за инфраструктурни проекти и поврзување помеѓу Србија и Македонија како еден од основните столбови на регионалната соработка. Ако соседите можат да се пофалат со конкретни планови, ние ја разбираме важноста од железничко поврзување-  но ни недостигаат пари.

Коридорот 10 што не поврзува со Република Србија и со Република Грција е комплетно изграден во делот на автопатското решение. Затоа кога разговараме со нашите европски партнери, посебно со ЕУ, со мултилатералните финансиски институции и кога разговараме за регионална соработка помеѓу двете земји, , еден од приоритетите треба да ни биде и ќе ни биде заеднички настап во обезбедување на финансиски средства за модернизирање на железничката инфраструктура на Коридорот 10, изјави Премиерот Ковачевски.

Тоа обезбедува не само економиите и стопанствата да се поврзуваат и еднакво важно е, ако не и поважно, во одредени ситуации е да се поврзуваат и луѓето, да имаме запознавање, размена на искуства, знаење, патување, нешто што гарантира подобра иднина на нашите земји. Република Србија многу вложи во инфраструктурно поврзува со регионот и изградба на патишта и уште повеќе ќе вложи во изградба на пруги, .Следниот проект ќе  брза пруга до границата на Македонија, рече Премиерката на Србија Ана Брнабиќ

Само минатата година  трговската размена меѓу двете држави е од над една милијарда евра, а Србија е третиот  најважен трговски партнер на Македонија после Германија и Велика Британија.  Македонија е во првите 10 земји каде најмногу извезувала Србија лани во износ 815 милиони евра.

На средбата станало збор и за подготвеноста на двете страни за организирање на трета заедничка седница на двете Влади, како поттик за економската соработка, а зборувале и за  иницијативата Отворен Балкан и претстојниот самит кој ќе се одржи во Охрид.

Кристина Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста