Македонија живее во длабока мизерија

Македонија на врвот на Европа по мизерија.  Според индексот на мизерија кој  ја мери  невработеноста и растот на инфлацијата  помизерно отколку во  Македонија   се живее во   Црна Гора и Турција.  Индексот на мизерија во Македонија е 28.1 , подобри од нас во регионот се Албанија, Бугарија, Србија , Хрватска и Босна и Херцеговина.

ДРЖАВА                                              Индекс на Мизерија

Турција                                                     41.2

Црна Гора                                               36.2

Македонија                                              28.1

Албанија                                                  23.8

Бугарија                                                   16

Србија                                                      18.4

Хрватска                                                   18.3

Босна и Херцеговина                               23.8

Во светски рамки земји со највисок индекс на мизерија се Венецуела, Зимбабве, Судан, Либија, Иран, Аргентина, Ангола. Висока инфлација има и во балтичките земји , но таму стапката на невработеност е помоала, што значи дека овие земји се помалку економско социјално ранливи во споредба со Македонија.

Податоците дека сме на врвот по мизерија не се изненадување со оглед на тоа дека имаме највисока стапка на инфлација во целиот регион. Според податоците од меѓународните финансиски институции во  Србија стапката на инфлација е 14 отсто, во Косово 12,7 , Хрватска 12,8 , Босна и Херцеговина 17,3. Полоши од нас се Унгарија, Латвија и Естонија .

Официјална статистика измери дека стапката на инфлација во Македонија во октомври достигна речиси 20 проценти, што е најголем проценти од 1995 година, а трошоците на живот се највисоки во изминатите 10 години.  Ако во 2012 просечната нето плата била 21.031 денари, инфлацијата била 5.3 отсто,  за четиричлено семејство да го помине месецот биле потребни 31.989 денари, а по една деценија просечната плата е нешто над 31 илјада, а за задоволување на минималните потреби на едно четиричлено семејство потребни се над 51 илјада денари.

Живеачката дополнително ќе поскапи и по Нова Година, кога се очекува нов раст на цената на електричната енергија и парното.  Регулаторот се уште калкулира за колку ќе поскапи струјата но извесно е дека поскапување ќе има, најмалку за 10 проценти со оглед на тоа дека се враќа ДДВ- то на струјата од 5 – 10 отсто .  Ова дополнително ќе удри по џебот на граѓаните на веќе и онака тешките времиња и енормните поскапувања со кои се соочуваат . За една година само храната поскапе над 30 проценти.

Инаку Индексот на мизерија е воведен од американскиот економист Артур Окун, а бил посебно популарен во 70-те години од минатиот век со појавата на стагфлација.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста