Македонија е на 39-то место според индексот на мизерија

Македонија се најде на 39-тото место со индекс на мизерија од 50,4 благодарение на невработеноста, покажува листата на најмизерни земји во 2022 година, која ја направи професорот по применета економија на Универзитетот „Џон Хопкинс“, Стив Ханке.
Ист индекс со Македонија има Мјанмар, а веднаш зад нас се Алжир, Нигерија, Тунис и Мавританија…
Кога станува збор за другите земји во регионот, најмизерна е Босна и Херцеговина на 18-то место, Црна Гора е на 34 место, Црбија на 54 место, Романија на 79-то, Грција на 84 место, Албанија на 97 место, Хрватска 98 место, Бугарија на 101 место и Словенија на 118-то.
На првото место се наоѓа Зимбабве, чиј индекс на мизерија е 414,7.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста