Македонија доправа ќе носи стратегија за справување со врсничкото насилство

Врсничкото насилство е присутно и кај нас и пред да се случи масакрот во Србија. Пријави до надлежните за овој проблем имало и порано, но биле игнорирани. Откако одговорните за образовниот систем по инерција на случајот во Белград, се разбудија и ја овозможија алатката за анонимно пријавување на врсничко насилство, досега, до министерството за образоване пристигнале повеќе до 20-тина пријави од ученици и родители. Министерот Шаќири вели дека соддржината на дел од пораките биле предлози и сугестии за тоа што треба да се преземе во иднина.

  • „Има посебен сектор во министерството за образование и наука што ги повикуваат сите од училиштатата. За да ја потврдиме ситуацијата, никогаш не кажуваме подаотци кој го има пријавено случајот. Откако дојдоа службите на училиштата, побаравме што имаат постапено според закон. Дали е пријавен случајот, дали се известени родителите… Изјави министерот Шаќири.

За подобро справување со присутниот проблем на врсничко насилство, се најавува подготковка на стратегија за следната учебна година, која, според Професорката Татјана Стојановска од Филозофскиот факултет, ќе се изработи преку лично увидување на состојбите од терен.

  • „Треба да ги слушнеме нив, учениците, стручните соработници кои што работат. Психолози, педагози, социолози, социјални работници, специјални едукатори. Така ќе можеме да ги изработиме тие прирачници.“ истакна Проф. Др. Татјана Стојановска Иванова.

Свое видување за проблемот со врсничко насилство имаат и учениците. Тие сметаат дека стручниот кадар во училиштата, пред се психолозите и педагозите, наместо да се бават со административни работи, треба повеќе внимание да им посветат на учениците.

  • „Училишните психолози, моменталчно тие вршат административна работа, тие се бирократи и тоа апсолутно треба да се промени. Државата, општеството и улениците треба да ги искористат капацитетите на овиње лица“– Лука Павиќевиќ – Сојуз на средношколци

На дебатата на филозофскиот факултет наречена „Насилството кај децата“, учениците ја отсликаа состојбата во училиштата. Ги споделија своите искуства со цел тие да будат употребени за создавање нови прирачници, за тоа како да се постпаува, за да се намали врсничкото насилство од следната учебна година.

Никола Цветкоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста