Македонија дефинитивно почна да наликува на латино-американска нарко држава

План за бегство налик тоа на Ел Чапо, нарко-колумбијанска пресметка во Старата скопска чаршија, организиран „грабеж“ на затвореник од Идризово, ножеви, мобилни телефони, ладно оружје во затворските келии, како на пазар во див запад – Колумбија е или Македонија?

Копањето тунел во дворот на затворот во Идризово е само уште еден доказ за трулоста на македонскиот полициски систем. Дупката долга 40-метри се копала и додека затворениците го планирале бегството, надлежните ги следеле, но ништо не преземале. И пак се истражува дали се вмешани затворските полицајци. Токму тие беа врската Беким Мемети да избега од ќелиите и по втор пат да се бара со меѓународна потерница.

Во јануари, додека го носеа во болница, со повредена рака рани полицаец а другите тројца колегите го гледале како бега. И командирот беше вмешан, па и тој заврши во притвор.

Изминатата година во неколку акции во затворските ќелии беа најдени десетици ножеви, дупло повеќе мобилни телефони, дрога па дури и ладно оружје..

Пресметки помеѓу затворениците, со полицајците, е сценарио што може да се види и по улиците. Пред само две недели скопјани беа сведоци на егзекуцијата на Жила и Љаци во локал во старата скопска чаршија. Алфа дојде до инфомации дека петмината убијци биле професионалци од Косово кои дошле со една цел ликвидација на Јетон Крвањева алијас Жила и нему блиски луѓе. Вториот убиен таа вечер беше Енес Исеини кој пак се дозна дека бил осомничен за убиство во Холандија и вмешан во продажба на лажен кокаин.

Скопските улици, особено последниве години, се место за пресметки помеѓу групи и кланови на големи играчи во криминалното подземје, кои речиси секогаш се поврзуваат со политичките елити во власта. За таквите судири речиси никогаш нема разврска.

Во исто време, и експертите во неколку наврати предупредуваат дека македонските затвори се претворени во училишта за криминал а не во интитуции за ресоцијализација.

Инаку, Македонија убедливо води во европската статистика на затвореници што избегале од затвор. 691 од 10.000 затвореници успеле да се спасат од ќелиите со бегство.

Викторија Миткова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста