Македонија  го одбележува меѓународниот ден на холокаустот и прогонот на македонските Евреи во логорот Треблинка

Македонија го обележува Меѓународниот ден на холокаустот и прогонот на македонските Евери во логорот Треблинка.

Токму на овој ден од Бугарија стигнуваат најави дека и таа сака да биде дел од историјата на прогонот на Евреите ама историја за која знаат само тие. Светската историја не се брише и е кристално јасно дека Бугарија како дел од фаштистичката коалиција не ги спасила Евреите туку помогнала да бидат депортирани. Сега, 80 години подоцна и Бугарија сака да биде дел од историјата , за прогонот на Евреите  ама како спасител.  Источниот сосед  со над 50 настани вчера и денеска  го одбележува спасувањето на 48 илјади бугарски евреи од логорите на смртта, додека во исто време нивните дипломати кај нас не се појавија во Битола да оддадат почит на македонските евреи кој токму нивните власти ги депортирале. Во очи на годишнината , стигнаа најави од потпретседателката на Бугарија Илијана Јотова дека ќе градат музеј за спасување на Евреите

Бугарската еврејска организација „ Шалом“ остро реагира – Бугарија да престане да  ја искривува историјата на Холокаустот.  Ова е навреда за нашите предци.

Нема да застанеме рамнодушни на обидите во изминативе недели за промена на историјата на Холокаустот во Бугарија бидејќи тешките антисемитски закони и државни мерки на бугарската влада оттогаш се претставија како навидум прифатени, но непостоечки во, да не заборавиме дека ова се законите и прописите поради кои илјадници луѓе страдаа за време на Холокаустот.Ова е навреда и за сеќавањето на нашите предци и за заслугите на сите праведни Бугари од овој период, велат од Шалом Бугарска еврејска заедница.

Пораки за 80 годишнината стигнаа од македонските политичари. Премиерот Димитар Ковачевски  порача да не се повтори никогаш ужасното зло од 11-ти март 1943-та година, кога започнува депортацијата на македонските Евреи во логорот на смртта во Треблинка и дека не смее да  се дозволи каков било облик на нетолеранција, антисемитизам, фашизам.

Лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски посочи дека овој ден значи системска елиминација на  еврејското население и е најцрниот и најтажниот ден за македонската историја и Македонија и за  стравотиите од ликвидирањето на македонските Евреи од страна на фашистичкиот окупатор кои на суров начин ги загубија своите животи има бројни докази, сведоштва за нивната голгота, траорни судбини.

На 11 март 1943 година  за 7. 144 евреи тргнаа на последното патување во Треблинка-  логорот на смртта.

https://www.youtube.com/watch?v=GxXJFn5fN3Q

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста