Македонија веќе не „интересна“ за Бугарија: Прифативме се па од главна приказна веќе не сме ни тема во Софија

Франција предложи, Скопје и Софија прифатија, па Македонија од главна веќе не е тема во Бугарија. Сега темите се други. Во бугарското предизборие по договорот за овој спор, со кој историските прашања станаа услов за Македонија на патот кон ЕУ, интересот е префрлен на други работи. Бугарскиот аналитичар Прван Симеонов за Алфа вели дека во моментов Македонија во моментов не е толку важна, поважни се економските теми.

-Не би кажал дека во моментов во Бугарија  темата е активна, сега во Бугарија претстојат избори, вонредни избори. Тука сосем други теми се на дневен ред, најмногу темите со цените на енергенсите и геополитичките теми. Така што таа тема е ограничена во моментов, изјави Симеонов за Алфа.

Вели не можеме да збориме кој е победник во овој спор, бидејќи сме имале заедничка историја, сме биле едно. Но, потенцира дека револтот во Македонија, предизвикал задоволсто кај луѓето во Бугарија.

-Тешко е да зборуваме за победа кога станува збор за две страни кои имаат заедничка историја. Јас искрено би се радувал ако опшстеството во Македонија знае дека Бугарите не размислуваат злонамерно кон Македонија. Многу е тешко да говорам за победа или пораз, како да кажам како се победуваме еден или друг, ние сме едно. Сепак, имаше една таква ситуација каде незадоволството во Македонија, предизвика многу Бугари да мислат дека предлогот е подобар за Бугарија, изјави Симеонов.

Според договорот на историската комисија Самоиловото царство е бугарско. Симеонов вели задоволството кај источниот сосед постои бидејќи го добиле она што веќе било нивни историски став од претходно.

-Во Бугарија беше пифатено добро, поради тоа што се прифаќа нешто во Бугарија веќе постоеше. Луѓе како мене кои малку повеќе се интересираме за темата, јас сум специјалист, сепак мојот поглед на таа тема е малку емоцијонален признавам. Но, јас мислам дека тоа е старо решение на Комисијата кое сега се официјализира, вели Симеонов.

Дека задоволството постои кај Бугарите покажува и што речиси сите политички фактори го прифатија овој предлог. Симеонов вели посебно тоа се покажува бидејќи го прифати и ГЕРБ на Бојко Борисов, која претходно била претходно била многу критички настроена кон Кирил Петков и неговата Влада во однос на овој спор.

Најважното што се случи е што најсилната опозициска партија ГЕРБ го прифати, иако пред тоа беше исклучително кон премиерот Петков за курсот кон Македонија. Таа политичка сила го смени ставот и го поддржа францускиот предлог и нештата се сменија многу брзо, изјави Симеонов.

Јасно е дека во оваа битка сепак победникот е Бугарија, но и покрај тоа Македонија се уште го нема добиено она што го сака. За старт на преговори со Европската Унија ќе мораме прво да го промениме Уставот и во него да ги внесеме Бугарите, за што е потребно двотретинско мнозинство.

Матеја Петровски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста