Македонистите кренаа глас: Сите бараат поништување на едностраната изјава на МНР

Македонстите се кренаа против македонската декларација за македонскиот јазик. Порачуваат дека држвата сама си ги руши позициите и статусот на нашиот јазик. Токму поради ова професорката Елка Јачева Улчар на својот фејсбук профил, во име на научните работници од МАНУ, Филолошкиот факултет, Институот за македонски јазик, Институтот за македонска литература и други институции, објави зошто оваа еднострана изјава не смее да биде став на Македонија. Една од главните причини се дијалектите на македонскиот јазик, кој преку оваа декларација се ограничуваат само на територијата на Македонија, што според македонстите не е точно.

-Според ова, посочувањето на временскиот и културниот континуитет на македонскиот јазик ги отфрла сите ограничувања на македонските дијалекти, така што наведеното во Унилатералната изјава од македонска страна, дека: „Овој континуитет се заснова на специфичниот развој на дијалектите што се во неговата основа и биле распространети на територијата на денешна РС Македонија“, претставува грубо фалсификување на лингвистичките факти и на проучувањата на македонскиот јазик, вели Јачева Улчар.

Покрај искусните против оваа декларација се гласно се кренаа и повеќе од 30 помлади македонисти, кои преку проглас за заштита на македонскиот јазик и книжевност и на македонистика, порачуваат дека овој документ не смее да биде официјален став на Македонија.

-Ваквата Изјава може да доведе до сериозни и трајни последици по нацијата, државата и севкупната македонска култура, и затоа укажуваме дека доколку не биде повлечена, од наша страна ќе биде сметана за нелегитимна, а за нелегитимен ќе го сметаме и секој натамошен акт којшто ќе се темели или повикува на неа. Јавно ги повикуваме претседателот на државата, Стево Пендаровски и Собранието на Р С. Македонија да застанат во одбрана на македонскиот јазик и книжевност, на македонистиката и на државните интереси и да ги искористат сите расположливи механизми за оваа срамна Изјава да биде повлечена, бидејќи со неа политички се задира во македонистичките темели, се вели во прогласот.

Професорката Александра Ѓуркова за Алфа вели дека груб фалсификат на лингвистичке факти е пишаното дека македонскиот јазик е јазик само на територијата на Македонија. Потенцира дека нашите дијалекти се простираат и надвор од државата.

Првата работа за која што треба да се укаже е тоа дека посоченото во врска со тоа дека континуитетот на македонскиот јазик според напишаното во оваа изјава, дека тој континуитет се заснова на специфичниот развој на дијалектите што се во неговата основа и биле распространети на територијата на денешната македонска држава. Сметам дека тоа е едно грубо фалсификување на лингвистичките факти, вели Ѓуркова за Алфа.

За текстот на овој документ реагираше и академик Катица Ќулафкова, вели дека македонските власти се откажале од нешто за што никој воопшто нема право да се откаже.

-Со унилатералната изјава на Македонија, всушност, се откажуваме од историскиот и научен факт дека македонските говори од егејска Македонија, денешна Грција, се основа на старословенскиот и црковнословенскиот јазик од кирилометодиевската епоха на нивната кодификација. Просторно-временскиот континуум на македонскиот јазик значи негово постоење вон просторот на денешната држава Македонија и вон современото време, пишува Ќулафкова.

Македонија оваа своја еднострана изјава ја објави, откако Бугарите претходно објавија декларација во која јасно ни кажуваат дека за нив македонски јазик не постои и ни под разно не можат да го прифатат. Она што плус фрла дамка на овој документ, е што е напишан со голем број правописни грешки, а станува збор за документ каде треба да го заштитиме македонскиот јазик.

Матеја Петровски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста