Луѓе во униформи на УЧК парадиират низ Тетово и Гостивар

Луѓе во униформи на УЧК и знамиња на Голема Албанија парадираат низ Тетово и Гостивар, а граѓаните вознемирени и загрижени од тоа споделуваат фотографиии и видеа на социјалните мрежи. На неколкуте фотографии се гледаат знамиња на Голема Албанија каде е вклучен и дел од Македонија  како и луѓе со црни војнички униформи и црвени ознаки на УЧК како се движат низ Тетово и Гостивар.

Од друга страна, според телевизиски прилог на локалната тетовска телевизија на албански јазик во саботата имало погреб на поранешен припадник на УЧК од Тетово кој учествувал во војната на Косово во 1998 година и најверојатно тогаш се направени и фотографии од загрижените грашани

Според пренесената информацијата поранешниот припадник на УЧК, Нихил Рамадани живеел во Германија, ама се приклучил во војната на Косово, по што се вратил да живее во германскиот град Хамбург.  Откако починал поради болест, за погреб бил донесен во Тетово каде има гробница на повеќе луѓе кои ја носеле униформата на УЧК.

Настанот коинцидира со изјавата од саботата на министерот за надворешни работи Бујар Османи дека неприфаќањето на францускиот предлог носи ризици од меѓуетнички тензии.

Александар Самарџиев

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста