Луковица ќе почека да добие асфалтиран пат – државата не дава пари

Државната власт не дава пари за неприкосновеното право до своите домови граѓаните да имаат асфалтиран пат. Таков е случајот со единственото село во тетовскиот регион Луковица до каде води само земјен пат.

Ова е втора година како не поминува амандман со ребаланс на буџетот, со кој пратеници од ВМРО ДПМНЕ побараа да се одвојат околу 320 илјади евра за ставање на асфалт на делница од само пет километри до селото.

Амандманска расправа по ребаланс на буџетот кој тежи 4,7 милијарди евра заврши. Амандманот не помина во Комисијата за финансирање и буџет, односно мнозинство на пратеници од СДСМ и ДУИ и коалицијата гласаа против овој амандман со што повторно не дадоа шанса да се асфалтира овој пат вели Александар Велјановски, пратеник ВМРО ДПМНЕ.

Со оваа одлука комисијата не дава шанса државата директно да помогне да се задоволат основни  животни потреби како патот за Луковица, но истиот состав одлучи дека во друга има простор да се одвојат средства за изградба на културен дом во Чегране.
Имаат право и жителите на село Чегране да имаат културен дом но не се одвоија средства за асфалтирање на патот кој што е есенцијална основа и потреба во 21 век да се има нормален пристап до домот рече Александар Велјановски, пратеник ВМРО ДПМНЕ

Од месната заедница потсетуваат дека и Општината Желино има средства од Светска банка за вакви проекти но градоначалникот не дава пари за Луковица, туку за останатите села за друг вид инфраструктура.

Ние контактиравме со градоначалникот дека од тие 750 илјади да даде 250 илјади да го направиме патот, него му остануваат 500 илјади за тие други проекти. Ама, си тера инает нејќе да потпише. Вика мое е тоа рече Миле Сибиновски, месна заедница Луковица.

Мештаните на Луковица во 2020 година самите си собраа и платија скоро шест илјади евра за проектната документација со геодетски елаборат за патот.

Александар Самарџиев

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста