Лоши навики кои влијаат штетно на мозокот

Мозокот е многу комплициран орган, а начинот на живот што го водиме има големо влијание врз неговото здравје.
На мозокот му требаат хранливи материи и практикување здрави навики, а доколку не му го дадете тоа, доаѓа до сериозен проблем, односно може да дојде до пропаѓање на мозочните клетки.

Недоволно сон

Добриот сон е пресуден за здравјето, а особено за мозокот. Додека спиеме, мозокот заздравува, а недостигот од квалитетен сон го инхибира тој процес и го прави мозокот почувствителен на оштетувања. Според истражувањата, повеќе од една третина од луѓето спијат помалку од седум часа, и покрај тоа што за оптимално здравје потребни се 7-8 и пол часа сон дневно.

Недостиг на социјална интеракција

Разговорот е неверојатно корисен за мозокот. Процесот во кој треба да се изразат мислите и чувствата е одличен тренинг за мозокот. Истражувањата потврдиле дека 10 минути разговор со друга личност дневно го подобрува помнењето и другите когнитивни функции. 

Прејадување и лоша храна

Прехранбените навики што се сметаат за добри за телото се добри и за мозокот, а премногу сол, шеќер, алкохол или лоша храна, значително го загрозуваат здравјето на мозокот.

Недоволна физичка активност

Редовното вежбање е добро за здравјето, а истражувањата ги докажале и предностите на вежбите за човечкиот мозок. Одењето, трчањето и тренингот со тегови го подобруваат здравјето на мозокот 

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста