Лицата со попреченост си ги бараа правата пред канцеларијата на ЕУ во Скопје

И по една година од последната средба, Владата се уште ги нема исполнето, барањата на лицата со попреченост. Денеска повторно го вклучија алармот дека се невидливи во општеството и дека немаат доволно помош од државата за да можат да ги покријат своите трошоци од кои најголем дел одат за помагала без кои не можат да функционираат. Тие повторно се обратија до Министерството за труд и социјална политика и до Владата да има овозможат подостоен живот.

Покачување на додатоците за попреченост согласно просечната плата во државата за 35%, како што е додатокот на попреченост и посебниот додаток. Создавање на регистарот за деца и лица со попречености, симнување на старосната граница од 26 на 18 години. Кога велиме зошто симнување, можеби не сте запознаени. Овие деца, овие лица кои навршуваат 18 години системот ги третира како деца кога треба да ги користат нивните права, а кога треба тие да гласаат они гласаат, тоа е еден вид злоупотреба на попреченоста, изјави Суаред Алишан од коалицијата Менуваме

За држава која претендира да биде дел од ЕУ, не доликува ваков дискриминирачки однос, велат од Коалицијата Менуваме. Доколку не ги исполнат нивните барања, најавија дека ќе го блокираат процесот на скрининг од страна на ЕУ.

Дефинитивно ќе го блокираме бидејќи дефинитивно време е да бидеме разбрани. Државата ратификувала безбројни народни документи и тие меѓународни документи мора да се почитуваат, бидејќи државата сака да влезе во ЕУ, како ќе влезе во ЕУ ако не ги почитува, изјави Суаред Алишан од коалицијата Менуваме

Тие меѓу другото кажаа дека писмено ќе се обратат до Комитетот во Женева за имплементација на КОНВЕНЦИЈАТА ЗА ПРАВАТА НА ЛИЦАТА СО ХЕНДИКЕП, потоа до ОН, делегација на ЕУ во земјата, Европската комисија во Брисел, Дипломатскиот кор, ОБСЕ и до сите меѓународни организации кој се бават со човековите права во полето на лицата со попреченост.

Македонија ја има ратификувано конвенцијата на правата на лицата со попреченост на ОН во 2011 година.

Бојана Златкова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста