Лидерска средба за да се утврди референдумското прашање, Мицкоски бара власта да не го бојкотира Референдумот

Политичките партии, академската и стручна јавност,  универзитетите, граѓаните, сите да поддржат референдумско решение – дали сакаме Македонија да се движи кон европска асимилаторска иднина или по патот на европските вредности – претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски очекува поддршка од претседателот Стево Пендаровски, бидејќи неговиот предлог за референдумското прашање бил многу блиску до содржината која ја договарал со експертите и сопартијците.

Многу блиску сме до таа содржина што тој ја кажа во јавноста и јас очекувам како што тој кажа во јавноста тој, доколку конвергира суштината на тоа референдумско прашање, Пендаровски да излезе јавно со став и да каже дека ќе излезе и дека ќе гласа заедно со своите соработници, нормално според своето убедување, дали треба да продолжиме под овие услови, под услови на диктат, или под некакви други услови како што мисли ВМРО -ДПМНЕ и некои други партии, рече Мицкоски по посетата на Петровец.

Секој датум кој нема да влијае на терминот за одржување на Референдум е добредојден за опозициската партија за одржување предвремени парламентарни избори. Мицкоски увервуа дека само преку избори можеле да се поправат грешките што се случиле последните пет години.

Според Мицкоски,  активната блокада во Собранието од страна на ВМРО-ДПМНЕ е успешна и со тоа опозицијата спречила низа закони за кои сметаат дека се на штета на народот. Најави дека од септември ќе ги заострат чекорите во однос на случувањата во Собранието. Во очи на големиот празник Илинден Мицкоски најави дека традицинално ќе го посети струшко Ташмаруништа.

Адријана Алексиеска


https://youtu.be/bGqvn6OLktA

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста