Лефков: Еден ден откако Ковачевски станува мандатар на фирмата основана од него се префрлени над 203 илјади евра

Еден ден откако Ковачевски станува мандатар за состав на нова влада во декември минатата година, Пиксел груп – фирмата која е основана токму од него добила исплата на државна помош од над 203 илјади евра. – велат од ВМРО-ДПМНЕ. Според нив ова е најголемата во низа исплати од над половина милион евра искеширани од владата и Фондот за Технолошки и Индустриски Развој кон компанијата основана од Ковачевски во периодот од 2019 до 2021 година.

  • „Покрај земените 2 милиони евра државни тендери, фирми од соларниот картел овозможиле богатење и на други фирми и лица, и со нивна помош се испумпани милиони народни пари. Се наметнува сомнение дека преку фирмата КМГ ЕОЛ Квазар на кумот на Ковачевски, Горанчо Паунов, овозможена е можна злоупотреба во општина Гази Баба додека градоначалник на општина бил кадар на СДС. Имено фирмата на кумот на Ковачевски е надзор на проектот за изградба и реконструкција на улично осветлување, а заврши во обвинителство, заради незавршени работи, кои биле наплатени со помош на потписот на надзорниот орган претставуван од кумот на Ковачевски.“ – Изјави Миле Лефков, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму додаваат дека во Гази Баба биле платени бандери и сијалици кои никогаш не биле поставени и прашуваат дали потписот на кумот на Ковачевски овозможил злоупотреба во постапка од над 11 милиони денари?

Од владеачката партија велат дека официјалните податоци ги демантирале обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ.

  • „Наместо да фабрикува невистини Лефков нека го повика Мицкоски да ја отстапи струјата од неговите хидроцентрали на граѓаните. А пратениците во Собранието конечно да ги деблокираат законите за енергетиката.“ – Соопштуваат од СДСМ.

Премиерот Ковачевски истакна дека во приватниот сектор работел на најзаконски и најтранспарентен начин. Јавно се пожали дека две недели бил под константни напади од ВМРО-ДПМНЕ и тоа со контрукции и најдолни лаги. Побара извинување, но уште се мисли дали ќе ја тужи партијата.

Никола Цветкоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста