Левица до ДИК ја поднесе иницијативата за референдум

Нов обид за одржување референдум против францускиот предлог – овојпат преку опозициската Левица откако изутрината ја поднеса иницијативата до Државната изборна комисија. Очекуваат идната недела да се најде во собраниска процедура.

– „Политичката партија Левица до државната комисија поднесе предлог за покренување граѓанска иницијатива на државно ниво за распишување на задолжителен, дополнителен рефереднум на референдумско прашање „Дали сте за продолжување на преговорите со ЕУ со прифаќање на собраниските заклучоци од 16 јули 2022 година.“ Сметаме дека народот мора да го има последниот збор за прашања од национален интерес.“ – Изјави Апасиев.

Апасиев вели дека не очекува Талат Џафери повторно да изиграва уставен судија. Смета дека собранискиот спикер силеџиски го толкува уставот и деловникот, како и дека тој нема ингиренции да ја блокира иницијативата, но, доколку повторно го направи тоа, тие најавуваат целосна блокада на Собранието.

Тој додаде и дека сега-засега не разговарале со ниту една партија за поддршка околу референумот. Смета оти е природно да очекуваат поддршка од сите анти-владини, односно опозициски партии, како и дека се подговотвени да разговараат. Владејачката СДСМ уште минатата недела се спротистави на иницијативата за рефереднум на Левица, под изговор дека тие се обидувале на неуставен начин да го блокираат европскиот пат на државата.

Неодамна собранискиот спикер Џафери си зема за право да го толкува Уставот и своеволно дојде до заклучок дека претходната референдумска иницијатива поднесена од ВМРО-ДПМНЕ не била уставна. Од Левица се уверени дека сега ќе ги избегнат правнте замки, бидејќи овојпат рефереднумското прашање го следи преседанот на рефередумот за Преспанскиот договор. Оттаму побараа поддршка од народот. Велат дека доколку рефереднумот успее, европската унија ќе мора да предложи нова преговарачка рамка која нема да ги содржи бугарските хегемонистички и Ванчо-михаловистички барања.

Никола Цветкоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста