ЛДП и ДОМ остануваат верни на СДСМ и покрај нивниот рејтинг и програми

Малите партии во орбитата на СДСМ остануваат верни на Ковачевски, ниту ЛДП ниту пак ДОМ нема да го напуштат владејачкото мнозинство, нема да го следат примерот на Демократскиот сојуз за откажување послушност на премиерот. За Алфа велат дека имале стратешки цели за остварување, па затоа останувале.

Борбата со корупцијата, како и европската агенда остануваат високо на листата на приоритети, ЛДП ќе даде поддршка до крај да се истера овој пат велат од ЛДП.

Членството на Македонија во ЕУ, е наша стратешка цел, за кое ние посветено и аргументирано дејствуваме велат од ДОМ.

Но дали стратешките интереси на овие партии навистина ги испорачува владината коалиција? Нивното барање за една изборна едница кое е и дел од изборните програми на партиите, не мрда од мртва точка. Во програмите со кои ЛДП и ДОМ бараа глас тие се залагаа и за борба против коруупција, која моментално цвета, како и за реформи во системот кој ниту се менува, а уште помалку па подобрува. Според дел од аналитичарите, останувањето на помалите партии во владата е само за да останат на власт, но и за да не се распаднат.

  • Maлите политички партии никако не можете да ги избркате од власт, тие се свесни едка власта им е потребна, не само од клиентелистички аспект туку многу повеќе од аспект на материјална сигурност и од аспект на приклучување кон големиот воз за да опстанат во власта. Власта им е потребна нив за да опстојат како политички партии, не е тешко ова да се докаже со аргументи. Баш би сакал да излезат на избори самите да се проверат колку гласови можат да добијат“ вели Саво Климовски – универзитетски професор.

Останува отворено прашањето дали избирачите на помалите партии кои гласале за изборните програми кои не се реализираат во склоп на владината коалиција повтоно ќе го дадат гласот за оние партии кои личните интереси ги ставаат пред интресите на граѓаните.

Мери Симоновска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста