„Лапсус“ Влада: Владините функционери за секоја голема грешка си наоѓаат оправдување или „ЕДИТ“ на Фејсбук

Егејците ќе влезеле во Уставот, полето за културен натпревар меѓу народите на Делчев стана „напредок“. Вакви пораки ни доаѓаат, ни помалку ни повеќе од владините фунцкионери, кои очигледно по некогаш бегале од часовите по историја или барем некои лекции не ги научиле. Од примерот на Ковачевски, по се изгледа, учат и неговите министри и заменици министри, претходно за труд и социјала Тренчевска, а најново и заменичката за правда, Мадиќ. Втората подоцна се правдаше дека во интервјуто каде кажа дека и егејците ќе влезат во Уставот, кажала лапсус, мислејќи на Евреите.

-Кога ќе го видат предлогот ќе видат дека нема ништо лошо ако во Преамбулата влезат и другите народи кои поднеле барање, бидејќи не правиме муабет само за Бугарите, туку и за Црногорците, Египќаните, егејците и сите оние кои ќе поднесат барање, изјави Аврамовска Мадиќ.

Ковачевски пак ја утна најпознатата мисла на Гоце Делчев. Од него „препиша“ и Тренчевска, ама и Владата…

-Идеалите на Гоце, кој пред повеќе од еден век го разбрал светот како поле за културен напредок меѓу народите, напишаа на Фејсбук.

Овие грешни пораки се само копија од истите такви грешки во февруари, на денот на раѓањето на делчев. И тогаш „натпреварот“ беше „напредок“, а неговата СДСМ гробот на Гоце го нарече спомен плоча и споменик.

-Идеалите на безвременскиот визионер Гоце Делчев, кој пред повеќе од еден век го разбрал светот како поле за културен напредок меѓу народите, напиша Ковачевски на Фејсбук.

-Претставници од #СДСМ, оддадоа почит пред спомен куќата на великанот Гоце Делчев, по повод 151 година од неговото раѓање, напишаа СДСМ на Фејсбук.

Покрај претставниците во централната власт и пратениците на СДСМ се склони на киксови, па така: Пелагонија стана Полог.

-Денеска во Прилеп гледате целиот Полог слави, кажа пратеникот Мартин Костовски.

Според професорката Наташа Котлар Трајкова ова покажува дека во Македонија на водечки позиции се луѓе кои што не смеат да се таму. Вакви лапсуси се недозволливи.

-Ние во моментов си имаме работа со луѓе на такви позиции, кои што се прво неуки, неспособни, можеби и дипломите им се од чуден карактер, бидејќи човек што вложил труд има и знаење, изјави Котлар Трајкова.

За зборовите искажани пред камера функционерите се правдаат дека се лапсуси, за грешките на Фејсбук, пак се користи опцијата пиши-бриши, за промена на објавата. Но, сепак Фејсбук дава да ја гледаме историјата на промените, па грешките така остануваат засекогаш забележани.

Матеја Петровски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста