Лажни дојави за бомби: Евакуирани трговски центри, училишта, полициска и железничка станица

Рекорден број на нови дојави за бомби. Под закана за прв пат и приватни објекти. Денеска по електронска пошта дојави за поставени експлозивни направи имаше во трговските центри Ист Гејт и Бисер. Стамбено-деловниот комплекс „Флет Ајрон“ во Кисела вода, централната железничка станица, 7 училишта, а за првпат и во полициската станица Беко, во Центар.

Антитерористичките единици на МВР евакуираа ученици од училиштата, но и вработени во трговските центри. Граѓаните беа вознемирени.

Деталните проверки повторно утврдиле дека станува збор за лажна дојава за бомби. Од МВР ова и официјално го потврдија.

Сепак и натаму нема информации за тоа од каде и од кого пристигнуваат дојавите кои создаваат страв и вознемиреност во јавноста.

Ова е втор пат неделава, македонски институции и јавни објекти да бидат под закана за поставени бомби, откако во вторникот анти-терористички единици ја чешлаа народната банка и 9 училишта. Целиот хаос трае повеќе од еден месец, но надлежните се уште се без решение за проблемот.

Никола Цветкоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста