Кучињата скитници голем проблем и во Штип, општината бара решение

Осумина штипјани добиле финансиско обештетување, откако биле каснати од куче скитник, а уште токлу граѓани ја тужат Општина Штип.. Најголемата сума што е добиена по основ на обештетување е 60.000денари. Напуштените кучиња  подолго време се проблем во градот , а ситуацијата стана аларматна откако ЛС го раскина договорот со претходниот оператор и го затвори стационарот поради тоа што  немаше вода и не беа исполнети основните стандарди за живот на напуштените кучиња.

 По еден неуспешен повик, деновиве е избран нов оператор,кој според  здруженијата за заштита на животните е одговорен за масовно еутанизирање на бездомни животни низ неколку градови. Тие од градоначалникот побараа да не го потпишува договор со операторот , но тој им понуди соломонско решение. Освен општински , во надзорот што ќе се врши при заловувањето на кучињата скитници да учествуваат и здруженијата..

 „Доколку се утврдат одредени несогласувања со она што ние како Општина го бараме, имајќи во предвид дека во самата тендерска постапка е предвиено операторот да има ставионар и доколку не ги исполнува соодветните стандарди и услови , ние ќе интервенираме и ќе го раскинеме договорот„-изјави Иван Јорданов, градоначалник на Штип.

Годишно Општина Штип третманот на кучињата скитници ќе ја чини околу 3милиони денари, а предвидено е во текот на годината да се заловуват до 150 кучиња. 

Александра Ристевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста